![]() |
![]() |
| Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
|
Календар за извршување на изборните дејствијаОд 16 август 2002 година од 00:00 часот до 13 септември 2002 година до 24:00 часот започнува, односно завршува изборната кампања (член 48 став 1 од Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ). Најдоцна до 31 август Регионалните изборни комисии и Општинските изборни комисии ги известуваат граѓаните преку јавен повик и истакнување на плакати на видни места за одржувањето на изборите. Најдоцна до 4 септември до 24:00 часот до ДИК се поднесуваат барањата за набљудување на изборите од домашните и странските организации и лица. Најдоцна до 11 септември до 24:00 часот ДИК го им го предава на регионалните изборни комисии изборниот материјал. Најдоцна до 12 септември до 24:00 часот Регионалните изборни комисии на Општинските изборни комисии им го предаваат изборниот материјал. Најдоцна до 14 септември до 24:00 часот, општинските изборни комисии на избирачките одбори го предаваат изборниот материјал. Општинските изборни комисии на избирачките одбори кои треба да го спроведат гласањето за немоќните и болните лица, кои ја известиле Општинската изборна комисија за гласањето, изборниот материјал го предаваат на 13 септември. На 13 септември се предава изборниот материјал на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето за лицата кои се на отслужување на воен рок, воена вежба, казна затвор или се во притвор, како и раселените лица. На 14 септември од 7:00 до 19:00 часот гласаат избирачите кои се на отслужување на воен рок, на воена вежба, на издржување на казна затвор или се во притвор, односно немоќните и болните лица, како и раселените лица. На 25 август Државната изборна комисија го потврдува Избирачкиот список. Изборите се одржуваат на 15 септември 2002 година. Во рок од пет часа по завршувањето на гласањето, избирачките одбори ги доставуваат до Општинските изборни комисии записниците и другиот изборен материјал и веднаш по нивното предавање сумираните резултати од гласањето на гласачкото место ги објавуваат и ги истакнуваат на гласачкото место. Во рок од три часа по добивањето на изборниот материјал од избирачките одбори, општинските изборни комисии на регионалните изборни комисии го доставуваат изборниот материјал (член 91 став 5 од Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ). Во рок од пет часа од приемот на целокупниот изборен материјал од Општинските изборни комисии, Регионалните изборни комисии ги сумираат резултатите од гласањето за листите на кандидати од избирачките места на Изборната единица за која е надлежна. Во рок од осум часа, регионалните изборни комисии ги доставуваат записниците и целокупниот изборен материјал на ДИК. Најдоцна до 16 септември до 19:00 часот ДИК ги објавува првичните резултати од изборите за пратеници. Најдоцна до 18 септември до 19:00 часот ДИК ги објавува вкупните резултати од изборите за пратеници. Изборите се сметаат за завршени по конечноста на резултатите за избор на сите 120 пратеници. |
|
|
Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
(C) А1 Телевизија
За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk