Дома - А1 Телевизија Дормео
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа  
   ИЕ 1 (Скопје 1)
   ИЕ 2 (Скопје 2)
   ИЕ 3 (Штип)
   ИЕ 4 (Струмица)
   ИЕ 5 (Битола)
   ИЕ 6 (Тетово)
   Демографија
   Изборна мапа
   Партии и
   коалиции
   ДИК
   Набљудувачи
   Законска
   регулатива
Vestite na A1 vo Real Video format
 

 Дома > Избори 2002 > Законска регулатива > Кодекс за набљудувачи

Кодекс за утврдување на правилата и процедурата за набљудување на изборите и изборната постапка на домашни и странски набљудувачи

Пратениците во Собранието на Република Македонија се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Притоа, никој не смее да го повика избирачот на одговорност поради гласањето, ниту пак од него да бара информација за кого гласал или зошто не гласал.

Кодексот има за цел да ги утврди правилата за набљудување на изборите и изборната постапка и процедурата за вршење на набљудувачката мисија на домашните и странски набљудувачи, а во функција да се подобри интегритетот и транспарентност на изборниот процес.

1. Правила за набљудување на изборите

Набљудувачите треба да ги познаваат и да ги почитуваат изборните закони и да се придржуваат кон сите законски и подзаконски акти со кои се уредува постапката за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Набљудувачите се непристрасни во извршувањето на своите должности и во ниту еден момент не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, политичките партии, група избирачи, кандидатите за пратеници или по какво било спорно прашање во изборниот процес.

Набљудувачите нема да се мешаат во изборниот процес, во постапката на денот на изборите, како и во постапката при броењето на гласовите.

Набљудувачите се должни да носат лична исправа за идентификација и исправа за идентификација (беџови) издадени од Државната изборна комисија;

Набљудувачите не смеат да носат никакви партиски симболи или ознаки.

Набљудувачите не смеат да даваат упатства или да влијаат врз работата и одлуките на изборните органи.

Набљудувачите се воздржуваат од давање лични и предвремени коментари за набљудувањето на средствата за јавно информирање или на други заинтересирани лица.

Набљудувачите своите заклучоци ќе ги засноваат на документирани и потврдени факти.

2. Утврдување на процедурата за вршење на набљудувачката мисија

Со својство на набљудувачи, организациите или лицата, се стекнуваат по добивање на овластување од ДИК.

Право да достават барање за стекнување својство на набљудувач до ДИК имаат:

  • регистрираните домашни и странски здруженија на граѓани во Република Македонија и регистрираните здруженија на странски земји во чии статути се вклучуваат начелата на демократија и заштита на човековите права.
  • меѓународни организации
  • претставници на странски земји

Барањето за набљудување со потребните исправи се доставува до ДИК од денот на распишување на изборите, а најдоцна десет дена пред денот на гласањето.

При посетата на седиштата на изборните органи и на избирачките места набљудувачите ги покажуваат овластувањата, исправите за идентификација и беџовите издадени од ДИК.

Исправите за идентификација (беџови) имаат правоаголен облик. Во левиот горен дел е знамето на Република Македонија, а на десниот горен дел стои текст „Република Македонија, Државна изборна комисија, Парламентарни избори 2002“.

За домашните набљудувачи, во долниот дел на беџот во средина на сива подлога стои текст „домашен набљудувач“ и следи неговото име и презиме.

За меѓународните набљудувачи, во долниот дел на беџот во средина на зелена подлога стои текст „меѓународен набљудувач“ и следи неговото име и презиме.

За преведувачите, во долниот дел на беџот во средина на бела подлога стои текст „преведувач“ и следи неговото име и презиме. Од задната страна на беџовите стои печат на ДИК.

ДИК го одзема овластувањето за набљудување и исправите за идентификација (беџови) издадени на домашните и странски набљудувачи, доколку утврди дека тие работат спротивно на правилата на овој Кодекс.

 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Фудбалски резултати и статистики

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk