![]() |
![]() |
| Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
|
Кодекс на однесување на политичките партии на Македонија за слободни и фер парламентарни избориПреамбулаСлободните и фер избори се камен-темелник на демократијата. Слободата за спроведување на кампања е неопходен елемент на овие избори. Секој човек има право да ги изнесува своите мислења без чувство на страв. Слободата за спроведување на кампања, исто така значи, обезбедување на истата слобода за секој друг човек. Ние, политичките партии на Македонија, се согласивме со овој Кодекс на Однесување за претстојните избори. Кодексот не ги заменува постојните правила. Тој помага во фокусирањето на оние проблеми кои се имаат случено во минатото. Ние веруваме дека може да донесе слободни и фер избори. Ние свечено се обврзуваме и си ветуваме еден на друг, но и на сите луѓе од нашата земја, дека ќе се придржуваме и активно ќе го промовираме овој Кодекс на Однесување. Нашите партии ја преземаат примарната одговорност за целосна примена на Кодексот. Владеење на правото1. Партиите, кандидадите и членовите ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на Македонија кои се релевантни за изборите и ќе го поддржуваат Владеењето на Правото. Владеењето на Правото во голем процент зависи од независноста и професионализмот на судството. Судството, исто така, ќе ја има нашата целосна поддршка. 2. Сите партии, кандидати и членови се со еднаква одговорност пред законот. Меѓутоа, активностите на владата и партијата мораат да бидат јасно одвоени. На тој начин:
Изборно однесувањеПартиите, кандидатите и членовите ветуваат дека ќе промовираат слободни и фер избори, како и клима за демократска толеранција. Тие се обврзуваат дека:
Партиите, кандидатите и членовите ќе го осудуваат, јавно и постојано, секој чин на насилство и заплашување, од чија било страна; тие исто така ќе го осудуваат секое користење на јазикот, или секоја активност која може да провоцира насилство или заплашување. Во согласност со универзалната изборна пракса, не може да се носи или покажува никакво оружје на јавни состаноци, митинзи или други активности на кампањата. Партиите, кандидатите и членовите ќе го преземат секој можен чекор за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите. Ниедна партија, кандидат или член не може да понуди награда или стимул како размена на каква било изборна услуга. Партиите, кандидатите и членовите нема да објавуваат или да искажуваат обвиненија кои се со навредлива или провокативна содржина за некоја друга партија, кандидат или личност. Партиите, кандидатите и членовите нема да ги отстрануваат, обезличуваат или покриваат постерите или другите изборни материјали на другите партии или кандидати. Тие нема да направат плагијат на нивните симболи, бои или акроними, ниту пак ќе користат графити. Партиите, кандидатите и членовите нема да преземаат активности со кои би се спречило демократското право на која било друга партија, преку своите кандидати и членови да има пристап до сите гласачи, да спроведува едукација на гласачи, да собира финансиски средства, да спроведува анкети кај членството и на друг начин да разјаснува прашања и бара поддршка. Што се однесува до улогата на жените, партиите ќе:
Партиите можат во кое било време да одлучат да организираат состаноци на кои ќе дискутираат за спроведувањето на Кодексот на Однесување на национално или општинско ниво. Може да се дискутира за кое било прашање поврзано со кампањата. Граѓански организации кои се загрижени за изборниот интегритет, како Граѓанската Асоцијација МОСТ можат да присуствуваат и да ги набљудуваат овие состаноци. Трошоците на партиите за нивните кампањи ќе бидат објавени во согласност со Законот за Избор на Пратеници донесен во јуни, 2002 година. Партиите, кандидатите и членовите ќе го прифатат конечниот резултат од изборите кој ќе биде објавен и потврден во согласност со законот од страна на Државната изборна комисија. |
|
|
Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа |
(C) А1 Телевизија
За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk