Дома - А1 Телевизија Дормео
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа  
   ИЕ 1 (Скопје 1)
   ИЕ 2 (Скопје 2)
   ИЕ 3 (Штип)
   ИЕ 4 (Струмица)
   ИЕ 5 (Битола)
   ИЕ 6 (Тетово)
   Демографија
   Изборна мапа
   Партии и
   коалиции
   ДИК
   Набљудувачи
   Законска
   регулатива
Vestite na A1 vo Real Video format
 

 Дома > Избори 2002 > Законска регулатива > Примена на член 88

Упатство за примена на член 88, а во врска со член 83

Член 88

  1. Гласачкото ливче е важечко доколку е заокружено на начин предвиден во членот 83 од овој Закон.
  2. За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и на недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
  3. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати.
  1. За важечко гласачко ливче ќе се смета гласачкото ливче кое има заокружено реден број на подносителот на листа.
     
  2. За важечко гласачко ливче ќе се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
     
  3. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен“ начин треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дали избирачот јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати.
     
    Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачкото ливче на кое избирачот, наместо редниот број на подносителот на листата на кандидати го обележил или на друг соодветен начин се определил за редниот број на подносителот на листата, името на подносителот на листата и симболот (ако го има) на подносителот на листата на кандидати (политичка партија, две или повеќе политички партии или група избирачи), доколку обележувањето е во рамките на еден подносител на листа.
     
  4. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати.
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Фудбалски резултати и статистики

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk