Дома - А1 Телевизија Милионер
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа  
   ИЕ 1 (Скопје 1)
   ИЕ 2 (Скопје 2)
   ИЕ 3 (Штип)
   ИЕ 4 (Струмица)
   ИЕ 5 (Битола)
   ИЕ 6 (Тетово)
   Демографија
   Изборна мапа
   Партии и
   коалиции
   ДИК
   Набљудувачи
   Законска
   регулатива
Vestite na A1 vo Real Video format
 

 Дома > Избори 2002 > Законска регулатива > Упатство за овластувањата на полицијата

Упатство за примена на овластувањата на полицијата за време на изборите

Полицијата има законска обврска по затворањето на гласачкото место да ги отстрани сите неовластени лица од него и од објектот во кој е сместено.

За овластени лица на гласачкото место се сметаат:

  • членовите на избирачкиот одбор
  • членовите на Општинската изборна комисија
  • членовите на Регионалната изборна комисија
  • овластените претставници на подносители на листи и
  • странските и домашните набљудувачи кои поседуваат овластување за набљудување издадено од ДИК.

По затворањето на гласачкото место нема да се отстранат затекнатите претставници на средствата за јавно информирање, под услов да го напуштат гласачкото место по завршување со сумирање на резултатите од гласањето на гласачкото место.

Објектот во кој е сместено гласачкото место за време на спроведување на гласањето го обезбедува полиција од редовниот униформиран состав.

Обезбедувањето се врши јавно, транспарентно и функционално на начин кој ќе обезбеди сигурност на граѓаните.

Полицијата сама го проценува начинот и со кој број на припадници од редовниот состав ќе го обезбедува објектот и за тоа го известува избирачкиот одбор.

Полицијата ќе ги обезбедува објектите во кои се сместени сите 2.973 гласачки места, во зависност од проценката на полицијата за објектот и местоположбата на гласачкото место.

Полицијата не смее неповикана да влегува и да се задржува на гласачкото место, а избирачкиот одбор може да побара помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место кога ќе оцени дека постои потреба за тоа.

Во секој случај, потребата за повикување на полицијата за воспоставување ред на гласачкото место избирачкиот одбор ќе ја образложи во писмена форма, најдоцна по воспоставувањето на редот на гласачкото место.

 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk