Дома - А1 Телевизија Милионер
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа  
   ИЕ 1 (Скопје 1)
   ИЕ 2 (Скопје 2)
   ИЕ 3 (Штип)
   ИЕ 4 (Струмица)
   ИЕ 5 (Битола)
   ИЕ 6 (Тетово)
   Демографија
   Изборна мапа
   Партии и
   коалиции
   ДИК
   Набљудувачи
   Законска
   регулатива
Vestite na A1 vo Real Video format
 

 Дома > Избори 2002 > Законска регулатива > Упатство за војници, затвореници и внатрешно раселени

Упатство за гласање на избирачите кои на денот на гласањето не се во местото на своето живеалиште поради отслужување на воен рок; се наоѓаат на издржување на казна затвор и на внатрешно раселените лица во земјава

Согласно член 86 ставови 1 и 2 од Законот избирачите кои на денот на гласањето не се во местото на своето живеалиште поради отслужување на воен рок или се на воена вежба, гласаат во воената единица, организација, установа или единица; избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор, гласаат во казнено-поправните домови, на наредните избори на пратеници во Собранието, а согласно член 126 став 1 од Законот внатрешно раселените лица во земјата ќе гласаат според правилата утврдени во членот 86 од Законот.

  1. Општинските изборни комисии од Државната изборна комисија добиваат посебни изводи од Избирачкиот список за лицата од член 86 ставови 1 и 2 и член 126 став 1 од Законот. Тие веднаш добиените посебни избирачки списоци ги доставуваат до воените единици, организации, установите или единиците, како и до казнено-поправните домови каде избирачот се наоѓа.
     
  2. Општинските изборни комисии што треба да го спроведат гласањето за овие лица по добивањето на посебните изводи од Избирачкиот список за сите лица што се наоѓаат на отслужување на воен рок или се на воена вежба, издржување на казна затвор или се во притвор, односно за внатрешно раселените лица во прифатните центри, односно домовите и семејствата каде се наоѓаат тие, определуваат избирачки одбор од најблиското избирачко место кое ќе го спроведе гласањето на овие лица еден ден пред денот определен за гласање. За гласањето се известуваат и претставниците на подносителите на листите заради нивно присуство на денот на гласањето.
     
  3. Општинската изборна комисија во чиј Избирачки список се запишани лицата од член 86 ставови 1 и 2 и член 126 став 1 од овој Закон, по добивањето на изборниот материјал одвојува онолкав број на гласачки ливчиња колку што има такви избирачи во Избирачкиот список и со посебни Записници - Обрасци број 16, 17 и 18, ги доставува до Општинските изборни комисии кои го спроведуваат гласањето. Најблискиот избирачки одбор кој го спроведува гласањето за овие лица преку Општинските изборни комисии ќе добие онолкав број на гласачки ливчиња колку што има запишано избирачи на посебниот извод од Избирачкиот список.
     
  4. Лицата од член 86 ставови 1 и 2 и член 126 став 1 од Законот, личниот идентитет го докажуваат со лична карта или патна исправа доколку ги имаат или со воена книшка, домска карта, а раселените лица со лична карта или патна исправа.
     
  5. Општинските изборни комисии кои го спроведуваат гласањето се должни со надлежните воени команди, управници на казнено-поправните домови и раководителите на прифатните центри каде се сместени раселените лица да воспостават контакт за обезбедување на потребните услови за непречено тајно гласање на овие лица.
     
  6. Заради обезбедување на законито гласање на овие лица Државната изборна комисија претходно ги известува органите за гласањето што треба да се спроведе еден ден пред денот определен за гласањето.
     
    Гласањето на овие лица се спроведува и завршува на начин како што е утврден во член 73 од Законот.
     
  7. По завршувањето на гласањето и составувањето на посебните Записници - пропишани на Обрасци број 16, 17 и 18, Избирачкиот одбор кој го спровел гласањето, изборниот материјал го враќа во Општинската изборна комисија од која го примил изборниот материјал.
     
  8. Оваа Општинска изборна комисија, вака повратно примениот изборен материјал, веднаш со забрзана пошта го испраќа на Регионалната изборна комисија која ја опфаќа Општинската изборна комисија од која е доставен изборниот материјал.
     
  9. Регионалната изборна комисија по добивањето на овој изборен материјал во присуство на овластените претставници на подносителите на листите јавно ги утврдува и сумира резултатите од гласањето на овие лица и ги внесува пооделно во табеларниот Преглед од Записникот пропишан во Образец број 21.
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Шпиц - бесплатен дневен весник

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk