|
|
|
Упатство за гласање
-
Гласањето се врши со едно гласачко ливче. Избирачкиот одбор на избирачот му го објаснува начинот на гласањето.
- Гласањето се врши на начин што избирачот го заокружува редниот број кој се наоѓа лево пред името на подносителот на листата.
- Избирачот гласа само за една листа на кандидати.
- Гласањето се врши тајно.
- По гласањето избирачот гласачкото ливче го преклопува и го става во кутијата за гласање.
- Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој Закон, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Избирачкиот одбор му определува друго лице од редот на избирачите. Ова лице не смее да влијае врз одлуката на избирачот, а при гласањето може да му помогне најмногу на двајца избирачи кои се со физички недостаток или се неписмени. Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или од редот на набљудувачите.
- Текстот на Упатството за гласање наменет за избирачите се истакнува на видно место на параванот и гласи:
„Избирачот гласа само за една листа на кандидати. Гласањето се врши на начин што избирачот го заокружува редниот број на подносителот на листата на кандидати“.
(Текстот од точката 7 се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазиците и писмата на другите заедници наведени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија).
|
|
|