[02.07.2008] Државната изборна комисија не прифати ниту еден од четирите приговори поднесени од Партијата за демократски просперитет за прегласувањето на парламентарните избори одржано во неделата.
[01.07.2008] Командантите од Вејце во неделата ги масакрираа гласовите на Албанците, ги тероризираа активистите и симпатизерите на ПДП, обвини денеска претседателот на партијата, Абдулади Вејсели.
[30.06.2008] Предвремените парламентарни избори генерално поминаа во мирна и демократска атмосфера, иако на некои места се прегласуваше и по два пати, оценува Државната изборна комисија.
[30.06.2008] Повтореното гласање на парламентарните избори помина мирно, но со повторени неправилности при гласањето и броењето на гласовите, оцени Граѓанската асоцијација МОСТ.
[30.06.2008] Генералниот секретар на ДПА Имер Алиу вчера на прес-конференција рече дека неговата партија не била заинтересирана за повторното прегласување на предвремените парламентарни избори.
[30.06.2008] По вчерашното прегласување во изборните единици 1 и 6 ДУИ освои 18 пратеника, а ДПА 11, изјави синоќа на прес-конференција шефот на изборниот штаб на ДУИ Изет Меџити.
[30.06.2008] По вчерашното повторно прегласување на предвремените парламентарни избори 2008, ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратенички места, коалицијата „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно место, соопшти синоќа на прес-конференција претседателот на ДИК Јован Јосифовски.
[29.06.2008] Мирно и масовно помина прегласувањето во шестата изборна единица. Како на 1 јуни и за време на првото прегласување, пред гласачките места впечатливо беше силното полициско обезбедување.
[29.06.2008] Граѓанската асоцијација МОСТ која го набљудува повторното прегласување на предвремените парламентарни избори 2008, попладнево соопшти дека до 16 часот се евидентирани неколку неправилности што се однесуваат на процедурата на гласање во избирачките места.