А1 Телевизија Како ќе каже Џим
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа  
       
 
 
 
 
 
   
„...Милионер“ го виделе:
30.739
посетители!
 
 
Пријавување
Пријавувањето за квизот се врши на телефонскиот број:
141 - 577
Цената на јавувањето е 59 денари по повик, со вклучен ДДВ.
Пријавувањето може да се прави од мрежите на Космофон, Т-Мобиле и Македонски Телекомуникации, без префикс, од кој било дел на Република Македонија.

Кој сака да биде милионер

Добитник на наградната игра од емисијата емитувана на 10-ти јули е гледачот со телефонски број:

02 / 2031 - 2XX


А1 Телевизија директно ја откупи лиценцата за овој квиз и почитувајќи ги највисоките стандарди за продукција, специјално за овој проект обезбедивме ново студио и сопствен тим на професионалци.

Домаќин на шоуто е големиот мајстор на вистинска урбана забава, Сашко Мацановски – Трендо.

Сумите на добивките се зголемени: на вториот праг позициониравме 125 илјади денари, а главната награда ќе изнесува 4 милиони денари.

Снимањето се реализира во македонската метропола.

 

Новитет е интерактивната игра за сите Вас, кои сакате да добиете 20.000 ден, гледајќи го квизот таму каде што се чувствувате најопуштено.

Вашите одговори можете да ги испратите преку СМС порака на бројот 141 377 од мрежите на Т-Мобиле, Космофон и ВИП испраќајќи ни порака со буквата која според вас е точниот одговор на прашањето што ќе ви го прочита Трендо.

Ако сте приврзани до старото добро телефонско јавување, за истата наградна игра можете да се јавите на истиот број, 141 377 употребувајќи ги услугите на фиксната телефонија без префикс од кој било крај на Република Македонија. Јавете се и едноставно следете ги инструкциите на операторот.

Секој четврток и недела со почеток во 20 часот имате можност да присуствувате на премиерни изданија на квизот кој во изминатите десет години има своја верна публика во 103 земји во светот.

Ако поради некои причини не ги гледате премиерите, секој петок и понеделник, со почеток во 17 часот, Вашата А1 Телевизија ги репризира изданијата од претходниот ден.

И Вие бидете дел од најчесниот двобој на знаењето и среќата и пријавете се за учество на телефонскиот број 141 577.

Со почит,

А1 телевизија