| А1 Телевизија |
| Топ вести | Македонија | Економија | Балкан | Свет | Занимливости | Наука/техника | Спорт |
Дали Црногорската православна црква е фикција или реалност?
[06.01.2009] Еден од симболите на православието Цетиње денес е поделен град. Бадник се празнува паралелно во две цркви и двете православни. Но, едната е Црногорска а другата Српска.
Косовската влада ќе ги покрие штетите од немирите во Митровица
[06.01.2009] Косовските власти им ветија 100.000 евра на етничките Албанци, чии продавници минатата недела изгореа од немирите во етнички поделената Косовска Митровица.
Србија денес живее со бремето на минатото
[05.01.2009] Војните на почетокот и на крајот на 90-сетите, оставија големи лузни на лицето на Србија, и барем формално, минатото сега е клучната пречка на српскиот пат кон Европската Унија.
„Револуционерна борба“ поврзана со нападот врз полицајците
[05.01.2009] Грчката полиција соопшти дека ја потврдила врската меѓу грчката левоекстремистичка група „Револуционерна борба", ставена на списокот на ЕУ за терористички организации, и вооружениот напад од утринава против тројца полицајци во Атина, пренесе АФП.
Силен земјотрес во Грција, најмалку две жртви
[05.01.2009] Во земјотрес со јачина од 6.7 степени од Рихтеровата скала, кој изутринава го погоди Пелопонез во западниот дел од Грција, загинаа најмалку две лица, додека 37 се тешко повредени.
Во Босна накитено и за Бајрам и за Божиќ
[04.01.2009] Босна и Херцеговина е едно од последните неоткриени области на Јужните Алпи. Широките пространства на дивина и недопрена природа ја прават идеална дестинација за одмор на љубителите на природата и на авантуристите.
Двајца загинати во земјотрес на Пелопонез
[04.01.2009] Најмалку две лица загинаа, а 37 се повредени во силниот земјотрес, со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кој изутрината го погоди грчкиот полуостров Пелопонез.
Засилени сили на КФОР и Еулекс во северно Косово
[04.01.2009] Меѓународните мировни сили на Косово и мисијата на Европската унија за правда и полиција Еулекс по најновите инциденти во северно Косово го зголемуваат присуството во тој дел, се наведува во заедничкото соопштение на овие институции.
Хрватскиот ски-центар Сљеме ја собира светската скијачка елита
[03.01.2009] Првите скијачки чекори на Ивица и Јаница Костелиќ, кои ги доведоа до светска слава, ги направиле токму на хрватскиот ски-центар Сљеме.
Протести во Турција поради израелските напади врз Газа
[03.01.2009] Масовни протести против израелските напади во Појасот Газа се одржаа денеска во повеќе турски градови по завршувањето на петочната молитва во џамиите.
| ;a href="#pocetok">< Горе |
(C) А1 Телевизија |