Нимиц ги почна разговорите со државниот врв [21.08.2008] Метју Нимиц дојде со „Северна“ и „Горна Македонија“, тој на самиот старт на паралелните разговори со Претседателот и Премиерот рече дека не носи нови предлози за кои веќе не разговарал. Всушност се работи за „Северна“ и „Горна Македонија“, нашите извори вклучени во разговорите велат не се ставаат под прашање македонски народ и македонски идентитет.
„Северна Македонија“ основа на предлогот на Нимиц [21.08.2008] Проблемот е во Скопје и таму треба да се решава, велат високи грчки дипломатски извори, кои утрешната средба во Солун ја оценуваат како формална. Доколку Скопје не се откаже од својата политика, ние ќе учествуваме во преговорите, но нема да инсистираме на брзо решение, велат во Атина.
СМК бара поништување на привремената спогодба со Грција [21.08.2008] Македонско-грчката Времена спогодба е пред Уставниот суд. Светскиот Македонски Конгрес денеска со иницијатива до Судот за поништување на привремената спогодба склучена во Њујорк во 1995-тата година.
Забрана на Македонците да дојдат на фудбалскиот турнир [21.08.2008] Грција не дозволи влез во државава на Македонците од Егејскиот дел, за да учествуваат на турнирот во фудбал „Корени јуниори 2008“ на македонската дијаспора, кој вчера беше свечено отворен во Прилеп.
Старец од Велес полово злоставувал две деца [21.08.2008] Две близначки на возраст од 11 години се најновите жртви на бизарно блудничење, за кое е осомничен 72-годишниот велешанец Дејан Спасов - Делчо. Старецот подолго време ги пречекувал девојчињата од училиште и ветувајќи им пари, ги намамувал во својот стан и во подрумите од зградата во која живееле децата, соопшти денеска полицијата.
Уште еден пожар на Беласица [21.08.2008] Уште еден пожар избувна на планината Беласица, над селото Белотино. Гори високостеблеста букова и дабова шума. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат.
Се запали автомобил во центарот на Тетово [21.08.2008] Изгоре автомобил на градскиот плоштад во Тетово.
Животот во Бродец по „Планинска бура“ [21.08.2008] Со карти и домино во локалните чајџилници. Вака жителите на Бродец го поминуваат летото. Работа нема... Селото живее од социјална помош и со парите на роднините заминати на печалба. Бродец има околу 1.200 жители, од нив речиси 400 се постојано на работа во странство, најчесто во Италија.