Дома Како ќе каже Џим
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Агровести

 

АГРОВЕСТИ

Груевски: Премијата за млеко ќе се исплати до септември

Груевски: Премијата за млеко ќе се исплати до септември [21.08.2008] По протестите на сточарите за повисока цена на млекото, Владата денеска со став дека ќе ги реализира сите свои обврски во делот на субвенциите.

Владата, млекарниците и сточарите во ќорсокак

[20.08.2008] Сточарите денес преку протести и блокади бараат повисоки откупни цени на млекото.

Двојно падна цената на кравите и телињата во Битола

[19.08.2008] На добиточниот пазар во Битола, кој има повеќе вековна традиција, денеска вриеше како во кошница. Имаше многу пазарење, но малку се купуваше. Ситните фармери дојдоа да ја продадат стоката оти тешко им оди работата. Велат, не се исплаќа да се чува стока.

Фармерите утре стапуваат во штрајк

[19.08.2008] Фармерите од сите региони утре ќе го бојкотираат откупот на млеко. Незадоволни од откупната цена и ненавремената исплата, револтот ќе го изразат со истурање на млекото, враќање на цистерните од млекарниците, блокирање на патиштата и делење бесплатно млеко на граѓаните. Ако не се покачи откупната цена, за 10 дена најавуваат масовни протести.

Српските земјоделци не ја предаваат пченицата

[17.08.2008] Земјоделците од Војводина ќе ја чуваат пченицата во амбарите, додека не се зголеми откупната цена, во спротивно најавуваат дека ја употребат за добиточна храна.

Зголемен интересот за субвенцијата за осигурување на посевите

[17.08.2008] За две недели завршува рокот за пријавување за субвенциите за осигурување на посевите, нафтата, и органското производство. Според податоците од Министерството за земјоделство, за субвенцијата од 30% за покривање на трошоците за осигурување досега се пријавиле 120 земјоделци, што е драстично повеќе од првиот рок за пријавување.

ФФРМ излезе со предлог за откупни цени за грозјето

[17.08.2008] Пред стартот на интензивните берби на винското грозје, Федерацијата на фармери излезе со предлог за годинешните откупни цени на грозјето. Од Федерацијата велат дека цените се направени врз основа на пресметките на цена на чинење на производството и останатите трошоци кои влегуваат во производната цена.

Надмината млечната криза во битолско

Надмината млечната криза во битолско [16.08.2008] Млечна криза нема да има. Претставниците на млекопроизводителите и на млекарниците, со посредување на министрите Ацо Спасеноски и Трајко Славески, на денешната средба во Битола се договорија да попуштат и да најдат заедничко решение со кое откупеното млеко ќе се вреднува исклучиво според правилникот за квалитет, за да се постигне просечна цена од 24 до 25 денари по литар, како на европските пазари.

Пелагониските фармери со закана дека ќе ги блокираат млекарниците

[14.08.2008] Паника и немир завладеја меѓу пелагониските фармери, откако млекарниците им ја преполовија откупната цела на млекото.

Од Струмичко извезени над 80 илјади тони зеленучк

[14.08.2008] Во текот на првите седум месеци од годинава од струмичкиот регион на странските пазари се пласирани над 80 тони зеленчук. Најголем извоз на зелка, домати, краставици, пиперки, бостан и други градинарски производи е остварен во Бугарија, Србија, Хрватска, Белорусија, Босна и Херцеговина, Полска и Романија.

Преговори за надминување на млечната криза

[13.08.2008] Фармерите од сите региони од земјава со последно предупредување до млекарниците, ако за една недела не ги исплатат долговите кон сточарите и не ја зголемат откупната цена, ниту еден литар млеко нема да биде предаден.

Јунскиот откуп на земјоделски производи надмина 12,7 милиони евра

[12.08.2008] Вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во јуни 2008 година изнесува 786 милиони денари (над 12,7 милиони евра), соопшти Државниот завод за статистика.

Почна исплатата на субвенциите за јагниња

[12.08.2008] Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска соопшти дека почна исплатата на субвенциите за јагниња, за што Владата издвои 220 милиони денари.

Прилепските фармери ќе го бојкотираат откупот на млеко

[11.08.2008] Фармерите од прилепскиот регион ќе го бојкотираат откупот на млеко, ако млекарниците не ја зголемат цената на млекото и не обезбедат навремена исплата.

Големи штети од невремето во Источна Македонија

Големи штети од невремето во Источна Македонија [10.08.2008] Невреме покоси 300 хектари во светиниколското село Мустафино. Град со големина на орев ги уништи сончогледот, детелината, бостанот и есенската зелка. Видео »

ЕУ почна нова кампања за органско производство

[10.08.2008] Европската комисија почна нова кампања за органско производство, под мотото „Органско земјоделство, добро за природата и за вас“.

Почна бербата на трпезното грозје

[10.08.2008] Во полн ек е бербата на трпезното грозје. Сега се собира најраната сорта кардинал и викторија, а за две недели ќе почне и бербата на сортите хамбург, афусали, мускат, рибиер и други.

ФФРМ апелира земјоделците да го осигуруваат производството

[10.08.2008] Штетите од невремето со град, што во јуни годинава ги зафати селата од општина Босилово, изнесуваат близу 200.000 евра. Оваа сума ја утврдила Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди во општина Босилово.

Семејството Павлоски остана без 13 декари тутун

Семејството Павлоски остана без 13 декари тутун [09.08.2008] Уништено е се што имале. Целата надеж во овие ниви повеќе ја нема. Непознат сторител во последниве месец дена на три пати со коса им исекол и уништил 13 декари со тутун на семејството Павлоски од прилепското село Бело Поле. Видео »

Успешна жетва на пченицата годинава

[07.08.2008] Бериќетна година за производителите на пченица. Жетвата заврши со високи приноси и квалитет. Споредно со лани, родот е за 30% поголем.

Невреме во демирхисарското село Обедник

Невреме во демирхисарското село Обедник [05.08.2008] Во демирхисарското село Обедник, во кое заеднички ја живеат земјоделската мака и сиромаштија 250 Албанци и Македонци, деновиве владее голема вознемиреност. Видео »

Во Струмичко заврши жетвата на пченицата

[05.08.2008] Во струмичкиот регион деновиве заврши жетвата на пченицата која беше посеана на околу 6.100 хектари.

Рекордни жетви во Војводина

[03.08.2008] Во Војводина заврши жетвата на пченицата. Во регионите на Срем и Јужен Банат, производителите ги надминале просечните и достигнале рекордни приноси од седум до девет и пол тони по хектар.

„Агрокор“ ги склучи првите договори за откуп

[03.08.2008] Хрватскиот „Агрокор“ го скенира обемот и квалитетот на земјоделското производство во југоисточниот дел на државата.

Над 2 милиони евра штети во Валандовско

[03.08.2008] Невремето со град што на 18 јуни годинава го зафати Валандовскиот регион направи штета од 2.145.000 евра.

„Swedmilk“ доби дозвола за извоз во ЕУ

[29.07.2008] Македонската млекарница „Swedmilk” соопшти денеска дека доби дозвола за извоз во земјите членки на Европската унија.

ИМБ: Ги почитуваме законите

[29.07.2008] Индустријата за млеко - Битола во планираниот рок достави списоци за реализираниот откуп на млеко до надлежните органи, со кои земјоделците ќе можат да ги добијат субвенциите од државата.

Погрешни броеви на трансакциски сметки ги кочат субвенциите

[27.07.2008] Сите земјоделци кои се уште не ги добиле парите за субвенција за подигање на нови лозови насади, треба да се јават во подрачните единци на Министерството.

17 млекарници ја блокираат исплатата на стимулацијата

[27.07.2008] Неажурноста на млекарниците, пречка фармерите да добијат по 2 денари за литар предадено млеко.

Почна пријавувањето за субвенции за нафта

[27.07.2008] Почна пријавувањето за субвенциите за нафта, земјоделците до крајот на август треба да пријават колкави површини обработуваат и да добијат субвенција со која им се намалуваат трошоците за потрошеното дизел гориво.

Потфрли родот од 100 хектари пиперки

[26.07.2008] Домашни и грчки агроексперти земаа мостри од насадот и од земјиштето да утврдат зошто потфрли родот од 100 хектари под индустриската пиперка во кочанско Мојанци.

Почнува исплатата за одгледувачите на овци

[25.07.2008] Од 10 август започнува исплатата на стимулациите за одгледувачите на овци. Ваквата мерка е експресно реагирање на Владата за да им излезе во пресрет на сточарите кои преку Трибината на фармер укажаа дека не можат да се опорават од загубите кои ги претрпеа поради скапата добиточна храна.

Алармантна состојбата во овчарството

[24.07.2008] Скапата добиточна храна и неисплатените годинешни субвенции ги доведоа одгледувачите на овци во критична состојба. Масовно се продаваат или колат овците.

ЕК ќе ги намали парите за грчкото земјоделство

[20.07.2008] Европската комисија ќе ги намали парите наменети за развој на грчкото земјоделство за околу 10%. Причината за ваквата одлука е што во Грција се уште не бил во функција системот за идентификација на земјоделските парцели.

Фармерите бараат пониски критериуми за цената на млекото

[20.07.2008] Фармерите бараат да се поендостават критериумите за формирање на откупната цена на млекото, предвидени со новиот правилник што е во процедура.

Македонското бамболино на англиски пазар


Пченицата ќе се складира во државни силоси


Спротивставени мислења за производство на биогориво


Стопирано обележувањето на ситен добиток во низинските предели


80.000 земјоделци конкурирале за субвенциите


  • Архива на вести од Агровести
  •  
    Реклама
       Други сервиси  
    » Вести и програма на и-мејл
    » Вести на SMS
    » Верзија на сајтот за мобилен телефон
    » RSS канали
    » А1 на денешен ден

    Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

    (C) А1 Телевизија

    За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk