БАЛКАН |
 |
|
[09.03.2010] Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтеровата скала изутрината беше регистриран во морето меѓу грчките острови Евбеја и Скопелос.
|
|
[09.03.2010] Словенечкиот парламент ги усвои измените на законот за „избришаните“, според кои словенечко државјанство повторно ќе можат да добијат лицата кои по осамостојувањето на Словенија останале без него, а во меѓувреме не добиле државјанство од некоја друга земја.
|
|
[09.03.2010] Корупцијата, организираниот криминал, можат сериозно да го упропастат патот на Црна Гора кон Европската Унија, оценува Винекси Пресе. Тој нагласува дека не се само обвинувањата во врска со мафијата изнесени на судењето за убиството на Пуканиќ, работите што ја ставиле Црна Гора во центарот на интересирањето е и нејзиниот долгогодишен премиер.
|
|
[09.03.2010] Економската криза, спорот со името и кипарското прашање во фокусот на денешната средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. За овие теми Папандреу синоќа дискутирал и со американскиот државен секретар.
|
|
[07.03.2010] Словенија веќе не сака да и стои на патот на Хрватска кон Европската унија, порача шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата во Шпанија.
|
|
[07.03.2010] За да седнат Косово и Србија на иста маса, треба да не се истакнуваат на имињата на земјите на делегациите на регионалните собири.
|
|
[06.03.2010] Никој не му поставил на Белград услов да бира меѓу членството во Европската Унија и независноста на Косово, порача евроизвестувачот за Србија, Јелко Кацин.
|
|
[06.03.2010] Поделбата на Косово ќе го отвори прашањето за промена на границите на Балканот и затоа никој не е заинтересиран да го отвори ова прашање, смета косовскиот премиер Хашим Тачи.
|
|
[05.03.2010] Солзавец, шок гранати, проектили, тепачки, каменувања, претепани полицајци и граѓани. Насилства во Атина по усвојувањето на планот за штедење кој треба да и ги намали долговите на Грција и да ја ублажи кризата. Видео »
|
|
[05.03.2010] Во несреќен случај во најголемото бугарско родилиште „Мајчин дом“ во Софија, при пад на лифтот, повредени се девет бремени жени.
|
|
[05.03.2010] Мислење од Меѓународниот суд за правда во Хаг за легалноста на прогласувањето независност на Косово барало Генералното собрание на ОН, така после судската одлука, прашање за усвојување на нова резолуција мора да покрене и оној кој барал мислење.
|
|
[04.03.2010] Грција да си ги продаде ненаселените острови за да се спаси од кризата. Со вакви идеи излегоа двајца пратеници од владејачката коалиција во Германија.
|
|
[04.03.2010] Владата на Грција побара од граѓаните да донираат пари за да ја извлечат земјата од криза. За добротворните прилози што очекува да ги даваат Грците од татковината и од дијаспората отвори посебни банкарски сметки.
|
|
[04.03.2010] Интернет страницата на албанскиот претседател Бамир Топи вчера попладне била цел на над од страна на српски хакери.
|
|
[03.03.2010] Хрватска поради границите со Србија нема да влезе во Европската унија пред 2013 година, пишува хрватскиот неделник „Глобус“.
|
|
[03.03.2010] Во судот во Лондон, денес ќе се одлучува за пуштање на слобода на Ејуп Ганиќ, со кауција од 200.000 фунти.
|
|
[02.03.2010] Еврокомесарот за финансии Оли Рен, на состанок со грчкиот заменик-шеф на дипломатијата разговараше за справувањето со должничката криза во земјата.
|
|
[02.03.2010] Силни земјотреси му се закануваат на Балканот, а најризични зони се Јадранскиот брег, Косово, Бугарија и Романија.
|
|
[02.03.2010] Поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ, кој синоќа беше уапсен на аеродромот Хитроу во Лондон, ќе остане во притвор до 29 март кога треба да се одржи ново сослушување. Видео »
|
|
[01.03.2010] Платени убијци од Црна Гора ликвидираат српски функционери, а последна извршена работа беше убиството на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ.
|
|
[01.03.2010] Претставници на француската и на германската влада разгледуваат план вреден 30 милијарди евра за спас на Грција од кризата, во која западна оваа земја членка на еврозоната.
|
|
[01.03.2010] Хашкиот затвореник Радован Караџиќ ќе го има воведниот говор на судењето пред Хашкиот трибунал. Тој ќе се брани самиот и ќе има два дена за излагање. Правниот советник на Караџиќ, адвокатот Горан Петронијевиќ, вели дека првиот претседател на Република Српска ќе ги искористи и двата дена.
|
|
[28.02.2010] Грција треба да преземе повеќе мерки за намалување на буџетскиот дефицит или ќе се соочи со санкции, изјави претседателот на еврогрупата и премиер на луксембург, Жан-Клод Јункер.
|
|
[27.02.2010] Судејќи според просторот во медиумите спорот за името со Македонија во Грција има второстепено значење. Ниту еден од весниците не одвои ударно место на насловните страници за вчерашните средби на посредникот Метју Нимиц со грчкиот државно политички врв. Видео »
|
|
[27.02.2010] Турскиот суд обвини уште двајца генерали во пензија за заговор, со што вкупната бројка на обвинети воени офицери е над 30.
|
|
[27.02.2010] Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер изјави дека за Франција независноста на Косово е неповратна, но дека признавањето на Косово не е услов за прием на Србија во ЕУ.
|
|
[27.02.2010] Грчкиот премиер Јоргос Папандреу соопшти дека планира средби со германскиот канцелар Ангела Меркел и со американскиот претседател Барак Обама во рамките на напорите за надминување на економската криза во Грција, поради која е разнишана и стабилноста на еврото.
|
|
[26.02.2010] Разликите во позициите на Скопје и Атина се очигледни, но сметам дека има основа за постигнување на решение за името на државата. Тоа е главната цел на преговорите. Видео »
|
|
[26.02.2010] Германската влада ги отфрли како неточни тврдењата на грчкиот вице-премиер Теодорос Пангалос, дека Германија се уште и должи на Грција оштета за втората светска војна и украденото злато од грчките банки.
|
|
[26.02.2010] Грчкиот премиер Јоргос Папандреу доби покана на 9 март да ја посети Белата куќа, соопшти грчкиот сајт „Ин њуз“.
|
|
[26.02.2010] Рускиот енергетски гигант „Газпром“, ќе ја намали цената на природниот гас што ќе и го дистрибуира на Турција за 6,5 проценти на 330 долари за илјада метри кубни, објави турскиот весник „Хабер Турк“.
|
|
[25.02.2010] Грција сака решение за името, но Скопје одбива да преговара, изјавил портпаролот на грчкото МНР, Делавекурас, на брифинг во Атина, ден пред разговорите на грчките власти со медијаторот Нимиц. Видео »
|
|
[25.02.2010] Карикатура на Венера која покажува среден прст и наслов „измамниците во европското семејство’’ во текстот за економската криза во Грција, осамна во најновиот број на германскиот неделник „Фокус“ од 22 февруари. Видео »
|
|
[25.02.2010] Жешка дипломатска активност на релација Љубљана-Белград-Приштина пред престојниот самит на шефовите на влади од Западен Балкан во Словенија.
|
|
[24.02.2010] Албанија синоќа четириесетина минути беше во целосен мрак. Најпрво струја добија поголемите градови.
|
Архива на вести од Балкан
|
|
| |
Други сервиси |
|
 |
|