Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Притвор за деветмина од случајот „Изгрев“

Гоце Михајлоски Коментари (4)   
23.12.2008 17:42
Хотелот „Изгрев“
 

По повеќе од 25 часа распит во скопска единица, деветмина од 16-те обвинити во случајот „Изгрев“ заработија мерка притвор. Меѓу нив се првообвинетите, браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, но не и трите судии од струшкиот суд.

За судиите нема притвор. Судскиот совет во тоа нема никава улога, бидејќи одлуката е на судијата и кога не се определува мерка притвор за судиите не се ни бара согласност од судскиот совет“, изјави Добрила Кацарска, претседател на Основен суд Скопје 1.

Од притвор се спасија и скопскиот адвокат Анита Бегова и нотарите Мерсим Положани од Скопје и Сашо Ѓурќиновски од Струга. На дел од ослободените, само им се одземени пасошите и имаат обрска да бидат секогаш достапни за Судот.

Ѓорѓи Миладинов
 

За случајот „Изгрев“ денеска повеќе од три часа раговараа и владиците.

Синодот не констатирал вмешаност на нивни претставник во случајот, но ако тоа се утврдело во понатамошната истрага и тој ќе одговарал како и цивилните лица.

Владиците побарале финансискиот совет да им поднесе извешатај за се околу хотелот, од моментот кога „Изгрев“ го купиле на берза во 2001 година, па се до вчерашните пријави.

„Димитар Белчовски е потписник само на едно одобрение за побарување на прв кредит од еден милион евра, верувам се разбира со сознание на архиепископот. Другите кредити, за кои сега станува збор за перење пари или матни зделки, се правени без согласност и без учество на МПЦ, изјави г.Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Димитар Миладинов
 

Антикорупциската комисија се сомнева дека без корумпираност на некој од Црквата, таков криминал било можно да се направи.

„Кога ќе помине имотот од тој државен режим, веќе станува приватен, настануваат и натаму трансакции кои не се во дефиницијата за корупција во нашиот закон, но е корупција и тоа е нешто што треба и натаму да го развиваме. Јавното обвинителство ја има изворната надлежност за гонење на овие случаи“, вели претседателот на Антикорупциска комисија, Мирјана Димовска.

Полицијата утрово ги фати и последните двајца што беа во бегство и со тоа ја комплетираше листата осомничени. Сепак, министерката Јанкулоска вчера не ја отфрли можноста пријавата да биде проширена доколку се најдат докази за уште некој инволвиран.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Уапсени браќата Миладинови [22.12.2008]
• Искеширана црковната бизнис зделка „Изгрев“ [18.12.2008]
• Г.Г. Стефан со обврзници го купил Изгрев [27.11.2008]
• Досието за „Изгрев“ веќе три месеци во МВР [19.11.2008]
• Со кои пари г.г. Стефан повторно го купи „Изгрев“ [18.11.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Почна 18-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“ [09.09.2010]
• Практичната настава за студентите станува задолжителна [09.09.2010]
• Македонски војници во европска борбена група [09.09.2010]
• Што да очекуваме во ноември од Европската комисија? [09.09.2010]
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk