Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

МЕПСО против ЕВН - го блокираше увозот на струја

Мишко Иванов Коментари (13)   
08.01.2009 17:03
 
 

„ЕВН Трејдинг“, фирма ќерка на „ЕВН Македонија“ во првите пет дена од годинава намерно и свесно правел дебаланс на електроенергетскиот систем.

Компанијата увезувала струја, а не биле усогласени со ЕЛЕМ - производителот на електрична енергија, обвини денеска државната компанија за пренос МЕПСО. Се создавале вишоци, кои го пореметувале системот.

ЕВН Македонија ги негира обвинувањата на МЕПСО и тврди дека се запазени сите законски регулативи. На истиот принцип тие увезувале струја и во декември.

„Ние им ги поништувавме трансакциите секој ден. Да, влегуваше енергијата, и покрај тоа што им велевме да не влегува таа енергија. Дали се пренесуваше на диво, прашајте ги во ЕВН, тие велат дека се општествено одговорна компанија, еве видете како работат“, рече Никола Стојанов, МЕПСО.

 
 

„Нашиот увоз, којшто произлегува од законот за енергетика, бил направен, но спречен од страна на МЕПСО да влезе електричната енергија во земјата, а истовремено ЕЛЕМ увезува електрична енергија за истите потребни количини. Каде е тогаш дебалансот“, изјави Ленче Карпузовска, ЕВН Македонија.

Кој ќе одговара за дефектите и прекините на струја кои се случуваа во земјава, на почетокот од оваа година?

„Испадите се нисконапонска мрежа, така што треба да ја барате одговорноста таму“, вели Никола Стојанов, МЕПСО.

„За сите овие работи, за коишто е очигледна е намерата на државните институции против нашата компанија, страдаат граѓаните и потрошувачите на Македонија“, рече Ленче Карпузовска, ЕВН Македонија.

МЕПСО бара од Регулаторната комисија за енергетика да им се одземе лиценцата за тргување со струја на ЕВН Трејдинг, фирмата ќерка на ЕВН Македонија. Австријците велат дека за сите случувања е информирана и централата во Виена.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Регулаторната го повика ЕВН на отчет [05.01.2009]
• Груевски разочаран од ЕВН [04.01.2009]
• Делови од Македонија без струја [03.01.2009]
• ЕЛЕМ ќе увезе струја од словенечка и швајцарска фирма [30.12.2008]
• „Хај Тек“ го обвинува ЕВН за слабата струја [25.12.2008]

  Најнови вести од Економија 
• Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите [31.07.2010]
• Македонија и Бугарија заедно ќе лобираат за изградба на железничката пруга [30.07.2010]
• Парното поскапува за 14, 98% [29.07.2010]
• Дефект во РЕК Битола [29.07.2010]
• Владата и ЕВН се смирија за да се договорат [28.07.2010]
• Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство [28.07.2010]
• Парното поскапува за едни 10, а за други 40 % [28.07.2010]
• Банките стануваат бази за податоци на своите клиенти [27.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk