Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Музејот на Македонија за докажување на македонскиот идентитет

Сеад Ризвановиќ Коментари (12)   
13.01.2009 17:01
Анцин Пејоска: Никој нема од соседите право на узурпирање на тој дел од нашето минато
 

И Музејот на Македонија се вклучува во битката за докажување на македонскиот национален идентитет. Директорката Мери Аницин Пејоска најави изработка на поставка со сите позначајни личности од македонската историја, а прва ќе биде статуа на Античка Пејонска свештеничка.

„Заради деликатниот политички момент во којшто се наоѓаме, мислам дека е правата тема со којашто ќе настапиме во овој правец, бидејќи никој нема од соседите право на узурпирање на тој дел од нашето минато“, изјави Мери Аницин Пејоска, директорка на Музејот на Македонија.

Античкото потекло на денешните Македонци е актуелна тема која ја коментираат сите. Бубо Каров е донатор на Музејот на Македонија и тој вели нема никакви дилеми за својот идентитет.

„Ние нормално е да сме мешавина од Антички Македонци и од Словени, затоа што, лично сметам, дека со престанувањето на државата и со престанувањето на постоењето на Античка Македонија, сигурно дека не исчезнале од Земјината топка и Античките Македонци“, вели Бубо Каров.

Еден од првите потези на Владата на Никола Груевски беше поставувањето на античките скулптури пред Владата и преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“.

Каров: Со престанувањето на државата сигурно дека не исчезнале и Античките Македонци
 

Александар сега на Скопскиот плоштад ќе добие грандиозен споменик, а Градскиот стадион и автопатот Табановце - Гевгелија ќе го носат името на неговиот татко Филип 2.

Експертите за ова прашање се поделени, некои велат Македонците имаат право да ја слават историјата како што мислат, но некои предупредуваат дека овие потези можат да им наштетат на македонските евроинтеграции.

„Сметам дека треба мудро да се игра во врска со Грција. Грција е сега држава претседавач со ОБСЕ, значи ќе мора да покаже некакви резултати и тука“, рече Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

„Мислам дека нема да може да се дрзне, доколку ние паметно играме, а паметно нема да играме ако го прекрстиме автопатот „Александар Велики“ и слични провокации, бидејќи тоа сто пати ни е кажано од Брисел“, додаде Димова.

Европските и американските политичари повеќе пати констатираа дека повикувањето на античката историја нема многу да и помогне на Македонија во приближувањето кон ЕУ и НАТО.

Се очекува Грција во своја одбрана пред судот во Хаг да го користи преименувањето на јавните објекти во Македонија како прекршување на Привремената спогодба.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Нова рунда преговори на 11. февруари [12.01.2009]
• „Грција да го прифати македонскиот идентитет на северниот сосед“ [12.01.2009]
• Нимиц ќе свика средба за името до крајот на јануари [08.01.2009]
• Дали Обама ќе ги следи грчките позиции? [07.01.2009]
• Антиката ја подели научната јавност [05.01.2009]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk