Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Охриѓанец во саксија одгледувал марихуана

Коментари (18)   
27.01.2009 13:03
 
 

35-годишниот охриѓанец во својот стан во саксија одгледувал марихуана. Охридската полиција кривично го гони Ц.М., кој во саксија засадил неколку семки „канабис сатива“.

Против него е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека е сторител на две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“ и „овозможување на употреба“.

Според СВР Охрид, пријавениот летото минатата година во својот стан одгледувал „трeва“ и ја делел со други охриѓани. Во неговиот стан често заедно со други лица конзумирале дрога.

Полицијата при претресот дома кај Ц.М. ги затекнала и лицата Р.С. Н.Б. И.Ш. и А.М., сите од Охрид, познати уживатели на опојни дроги.

Пронајдени се саксијата и растението „канабис сатива“, нагорена рачно изработена цигара со марихуана, како и повеќе други паковки опојна дрога, оставени на различни места во домот.

Според СВР-Охрид, Ц.М. е познат сторител на казнени дела против кого во изминатиов период полицијата има поднесено повеќе кривични и прекршочни пријави за што му биле изрекувани и затворски казни.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• „Да се зголемат казните за дилерите на дрога“ [21.01.2009]
• Албанската полиција откри хероин пренесен од Македонија [11.01.2009]
• Поради шверц со дрога уапсен претседателот на ФК Елбасан [25.12.2008]
• Кај двајца радовишани пронајден суров опиум [24.12.2008]
• Пронајдени 2,5 тони канабис во авганистанско училиште [21.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk