Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Котеска: Ни се случува изолационизам

Коментари (44)   
08.02.2009 20:14
 
 

Јасна Котеска, книжевник и професор, е гостин во „А1“ вестите. Во јавноста покрена вистинска политичка бура со случајот со нејзиниот татко, писателот Јован Котевски, која се однесуваше на репресиите кои ги доживувал во време на комунистичкиот режим, но не само заради тоа, Котеска е критички опсерватор на општествените состојби во Македонија.

Најексплотираната, најатрактивната тема во Македонија се претседателските избори. Каков лидер, каков претседател и треба на Македонија во услови на историски тешки времиња, кога се соочуваме со изолација, неисполнување на некои од условите, оспорување на името, итн.?

- Пред неколку дена апелирав во една колумна за нециничен пристап при изборот на кандидатот за претседател. Практично реков да не одиме да ги проверуваме бројот на чевлите на кандидатите, крајниците, да го претресуваме нивното минато, туку да се фокусираме на концептот, односно визијата што ја заговара. И Обама ми беше пример од проста причина што сум универзалист, верувам дека тоа што се случува во еден дел на светот, некако по верижна реакција ги ефектуира и другите делови на светот, и тоа историски се има потврдено многупати. На пример, Француската револуција, тоа што беа пропаганди за слобода и еднаквост, во некои далечни Хаити предизвикаа револуција на црнците за слобода, односно против ропство. Во таа смисла сметам дека ако промените се можни за Обама, тогаш би биле можни и тука.

Гледате ли некој Обама во Македонија?

- Тоа е многу тешко и неблагодарно прашање. Во принцип знам каков профил би сакала да биде избран за претседател. Тоа би бил човек којшто би имал концепт, којшто би имал визија и којшто би бил стабилен внатрешно и надворешно да не претставува. И повторно Обама е добар пример. Ако се сеќавате, кога му беше инаугурациониот говор кога му беше, имаше таков тип на еуфорија околу него да сакаше да ја запали масата можеше во секој момент, а играше точно на таа тенка линија да не предизвика никаква револуционерна драма од таа ситуација. Значи, таков тип на стабилност, баш заради овие тешки времиња.

Антиквизацијата и создавањето на митовите и сеењето на ветер и магла, значи Александар Велики, инсистирање на античките митови на тој тип на минато, може ли тоа да има негативно влијание во Македонија?

- Мислам дека митот нема свое нормално, секогаш се базира на прекумерност. Тоа значи дека ќе очекуваме само повеќе и повеќе ширење на овој мит. Тоа е прво. Второ, мислам дека овој тип на воскреснување на некаков митски фетишизам, е типичен за сите земји после падот на комунизмот. Кај нив се случи малку порано, кај нас малку подоцна, а е реакција на еден извесен впивач на шок, значи луѓето се соочуваат со капитализмот, гледаат дека капитализмот е базиран на прекумерност и слобода на говор. Јас не сум песимист, не мислам дека има опасност од српско сценарио или германско, значи не постои сценарио дека со овој митски фетишизам сега ќе завршиме така што ќе подготвуваме терен за геноцид против некоја земја, затоа што против кого ќе подготвуваме и со што ќе го правиме тоа.

Но, белоруско сценарио да, а тоа се состои од изолационизам, и тоа веќе ни се случува. Меѓутоа, мислам дека тука е битно уште нешто друго, а тоа е дека овие две паралелни нарации ќе си траат. Сега ќе си трае една словенска нарација и паралелно една букефалистичка, така да кажеме. Тешко е да се одговори што тие предизвикуваат во националното ткиво во Македонија, дали ќе ги обединуваат или разединуваат Македонците, затоа што факт е дека во моментов фи разеденуваат, има македоноиди и Македонци. Мислам дека на кратки патеки е само лоша идеја, затоа што очигледно разединува и води во изолација, а на долги дека е просто неоперативна, затоа што не можете да ги лажете луѓето, дури ни сопствените дома.

Остатокот од интервјуто можете да го погледнете на видеото.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Експертите прават профил на идеален претседател [07.02.2009]
• Црвенковски: Оваа Влада води погрешна политика со сериозни последици [06.02.2009]
• ДУИ со поддршка за Иванов во вториот круг [06.02.2009]
• Трајановски бара измени во законот за град Скопје [06.02.2009]
• Буџаку ги собра потписите, Ахмети гарантира безбедност [06.02.2009]

  Дополнителни информации 
• Сите претседатели на Република Македонија [11.05.2009]
• Петти локални избори во Македонија [20.03.2009]
• Македонија на 22 март по четврти пат избира претседател [27.02.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk