Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Немало вмешаност на МПЦ во матните зделки на Миладинови

Коментари (4)   
10.02.2009 17:53
г. Тимотеј
 

МПЦ не е вмешана во криминалите на струшките браќа Миладинови, иако беше нивни бизнис партнер - објаснувал на седница архиепископот г.г. Стефан на владиците во Синодот.

Кредитите ги земале браќата, а поглаварот не знаел ништо. Со благослов и потпис од секретарот на МПЦ Белчовски бил земен кредит од милион евра, за другиот од германската ЛХБ Банка имало сомневања дека потписите се фалсификат.

Архиепископот Стефан сепак хотелот „Изгрев“ го купи два пати. Во 2001. не знаел дека хотелот е со хипотека, го правдаше владиката Тимотеј. Лани повторно го купи за еден и пол милиони евра.

Дали МПЦ претрпе штета и дали владиците во Синодот му веруваат на архиепископот?

„Тоа ќе ви објасни тој кога ќе ве повика да ви појасни. Ние стоиме зад сите позитивни норми коишто постојат во оваа држава и да потврдат дали е некој вмешан или невмешан“, рече г. Томотеј, митрополит дебарско кичевски.

„Во овој момент ни се презентира ова што ви го кажувам, јас немам никакви поинакви сознанија за да можам да тврдам било нешто спротивно, ниту пак 100 процентно да тврдам дека е тоа така“, додаде г. Тимотеј.

МПЦ дури позајмувала пари на Миладинови. 50.000 евра дала на заедничката фирма за браќата да поделат плата на вработените. Подоцна парите биле вратени на црквата.

Од декември браќата Миладинови се во притвор. Проневериле милионски суми евра, земале кредити кои не ги вратиле. Во матните зделки вмешани се и вработени во катастарот, судии, адвокати и нотари. Досега нема кривична пријава за ниту еден од МПЦ.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Браќата Миладинови свртеле 15 милиони евра [27.12.2008]
• МПЦ како холдинг компанија [25.12.2008]
• Браќата Миладинови не се директни потомци на Миладиновци [24.12.2008]
• Шест милиони евра од „Изгрев“ завршиле на разни сметки [23.12.2008]
• Притвор за деветмина од случајот „Изгрев“ [23.12.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk