Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Дали веронауката ќе биде укината?

Коментари (25)   
11.02.2009 21:10
Наумовски: Тоа се коси со принципот на поделеност на државата од црквата
 

Веронауката повторно пред Уставниот суд. По иницијативата на пратеничката група на ЛДП, уставните судии треба да одлучуваат дали веронауката треба да се изучува или да се укине како предмет во основните училишта.

Ќе го преиспитуваат новиот закон за основно образование донесен летово, во кој овој предмет е воведен како изборен во 5-то одделение.

„Со оспорениот член и останатите пропратни одредби во тој закон, и е дадено исклучиво право на државата да го организира тоа верско образование во основното образование и за мене, тоа се коси со принципот на поделеност на државата од црквата“, изјави Бранко Наумовски, судија во Уставен суд.

За дел од уставните судии, религијата или верското учење може да се оствари во верските објекти. Затоа, не треба да се изучува во училиштата, ниту како изборен предмет.

Спировски: Проблемот не е дали е изборен или не е изборен предмет
 

„Проблемот овде не е дали е изборен или не е изборен предмет. И да е изборен, пак е прашањето дали државата, во границите на ова што го зборуваме, може практично да влезе во организација на еден верски живот во јавните училишта“, рече Игор Спировски, судија во Уставен суд.

Од Бирото за развој на образованието, сметаат дека со изучувањето на веронауката и запознавање со религијата не се нарушува секуларноста на државата.

„Во развојот на наставните планови и програми, се држевме до законот и до уставното начело за секуларност на државата и во наставните програми нема елементи на верско дејствување“, вели Весна Хорватовиќ, директор на Биро за развој на образование.

Иако велат дека со воведување на овие предмети не е прекршен Уставот, сепак ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд доколку тој донесе одлука да се укине веронауката.

Дали ќе се изучува овој предмет за кој во јавноста се крена многу прашина или нема, Уставниот суд ќе донесе одлука за околу два месеци.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Средните верски училишта ќе станат државни [29.01.2009]
• Веронауката интересна за децата [21.12.2008]
• СДСМ бара укинување на веронауката во училиштата [30.10.2008]
• Веронаука на Уставен [21.09.2008]
• Веронауката дефинитивно ќе се учи [17.09.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]
• „Достоинство“ бара одликувања за бранителите [08.09.2010]
• Меѓународниот фестивал „Ристо Шишков“ по 18-ти пат [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Убиство во Студеничани
  3. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  4. Не можевме ниту со Ерменија
  5. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Србија во мундијалското полуфинале
  10. Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  3. Не можевме ниту со Ерменија
  4. Убиство во Студеничани
  5. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  6. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. Уапсен убиецот на кичевчанката Крстеска
  9. 19 години самостојна Македонија
  10. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk