Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Избегнати инциденти на скопскиот аеродром

Коментари (14)   
13.02.2009 19:23
 
 

Попладнево една по друга се избегнати две катастрофи на скопскиот аеродром. Се случија две принудни слетувања кои завршија без последици.

Во 16 часот и 5 минути авионот на „Малев“ од марката Даш 10 кој доаѓал од Будимпешта, во близина на Скопје му откажал еден од моторите. Пилотот на авионот веднаш ја известил контролата на летање, по што биле преземени сите мерки за справување со можната вонредна ситуација.

Во авионот имало 64 патници, плус членови на екипажот. Искуството на пилотот било пресудно. Авионот успеал да го одржи балансот и да слета без поголеми турбуленции.

Малку подоцна, во пет минути до 17 часот, од „Александар Велики“ полетал авион од истата марка на „Аустријан Ерланјнс“ кон Виена. Непосредно по полетувањето, откажал механизмот што ги собира тркалата во трупот на авионот. Поради тоа, леталото морало веднаш да се врати назад. Била спроведена истата процедура за слетување во итни случаи.

Колку сериозна била драмата на скопскиот аеродром, во интервју за А1 говори директорот на аеродромот „Александар Велики“ Зоран Илиевски.

Што точно се случи на пистата на „Александар Велики“, избегната ли е катастрофа?

Зоран Илиевски
 

- Не станува збор ни за можна катастрофа. Се случува во воздушниот сообраќај да при слетување или полетување откажат одредени делови на воздухопловот, кои не се од значење кое може да го сруши воздухопловот.

Денеска на редовната линија на авиокомпанијата „Малев“ од Будимпешта до Скопје, уште во процедурата на слетување од скопскиот аеродром, пилотот на воздухопловот имал индикација дека еден, односно десниот мотор имал некаков дефект.

За тоа го известил веднаш контролорот на летање кој ги извести аеродромски оперативни служби во делот на сообраќајот и безбедноста и воедно му кажал дека не очекува никакви проблеми при слетувањето. Нормално, во вакви случаи се активираат плановите за итни постапувања.

Какви мерки преземавте кога дознавте дека откажал еден од моторите на „Малев“?

- Од мерките кои се преземаат е пред се „сејфти единицата“, тоа е Противпожарната бригада на аеродромот, се поставува околу полетно-слетната патека, исто медицинските служби и сите останати кои се во непосредна помош на овие првенствено примарни служби кои учествуваат во оваа работа. Иако немаше никаква потреба, превентивно го направивме тоа. Авионот слета сосем безбедно.

Аеродром „Александар Велики“
 

Дали се чести ваквите појави да откажуваат мотори на авиони, а притоа авионот успешно да слета?

- Во светот се случуваат и секогаш успешно слетуваат. Еден мотор не значи дека на авионот да му се случи нешто посебно.

Што било пресудно за да слета авионот?

- Пред се искуството на пилотот, секогаш. Иако тоа не е кој знае каква работа, дека не може да слета воздухопловот безбедно.

Што ќе се случело ако откажел моторот на авионот при полетување?

- Ќе се уништел, а може и да се врати назад, нема да го продолжи полетувањето, ќе се врати назад повторно на аеродромот, пред се од безбедносни причини, а дека ќе падне, нема да падне воздухопловот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Над 50 загинати, авион се урна во Бафало [13.02.2009]
• Се урна хеликоптер во Дунав, едно лице загина [10.02.2009]
• Дваесет исчезнати во авионска несреќа во Бразил [08.02.2009]
• Остатоци од птици откриени во моторите на авионот кој „слета“ во Хадсон [05.02.2009]
• Извлекување на авионот од реката Хадсон [18.01.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk