Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Наука/техника  

Пронајден гробот на Александар Македонски?

Коментари (115)   
14.04.2009 18:21
Дали конечно е решена мистеријата за Александар Македонски?
 

Белградскиот блог „Сити Магазин“ го објави она што досега претставуваше најголема тајна во македонската, но и светската историја - пронајден е гробот на Александар Македонски.

Светата гробница на големиот војсководител е откриена случајно од страна на градежната фирма при реконструкција на граничниот премин Висје помеѓу Македонија и Грција.

Она што било пронајдено при ископувањето е скалеста мермерна градба долга 30 и широка 4 метри, а подлабоко бил пронајден влезот на мавзолејот на Александар Македонски. Имало тунел, долг околу 140 метри, обложен со црни мермерни плочи дебели околу еден метар, кој води кон оближното брдо Бојчик.

На влезот од тунелот имало огромен камен блок на кој била изгравирана слика на богот Аполон на кочија која ја влечат лебеди.

Во следната просторија се наоѓала гробницата на Александар Македонски. Како ѕидовите така и ходникот биле направени од гранитни блокови кои се прекриени со мозаици од походите на Александар. Во внатрешноста имало осум носечки столбови со ликот на богот Атлас кои го потпираат таванот на просторијата, познати како каријатиди.

Во самиот центар на просторијата се наоѓа камена крипта на која на јонски дијалект од старогрчкиот јазик е вклесано Мегас Александрос, односно Александар Велики.

Од левата и од десната страна на криптата стои по еден Атлас каријатида, додека останатите се распоредени по аглите.

Во гробницата биле пронајдени и коски од осумнаесет човечки костури за кои според војничката одора, се верува дека припаѓаат на личната гарда на Александар.

Директорот на Државниот инспекторат на Република Македонија и експертите од Народниот музеј единствено што соопштиле е дека е пронајден добро сочуван костур во полна борбена опрема со златно бронзен оклоп и со штит и маска на кои е врежано името Александар.

Колку сето ова е вистина, со оглед дека е објавено во Србија, а се уште нема официјална потврда, најверојатно ќе се дознае наскоро.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Наука/техника 
• Гугл го напаѓа Виндоуз [02.09.2010]
• Јапонец го пресмета Пи на пет трилиони децимали [01.09.2010]
• Диносаурусите изумреле од метеорити [30.08.2010]
• Популарноста на Јутуб се исплаќа [29.08.2010]
• НАСА откри две нови планети надвор од Сончевиот систем [28.08.2010]
• Активноста на сонцето во изминатите години се намалила [27.08.2010]
• Во Египет откриен град стар 3.500 години [26.08.2010]
• Откриен нов сончев систем со седум планети? [25.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk