Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Крај на верското образование во училиштата

Коментари (68)   
15.04.2009 13:44
Уставeн суд
 

Веронауката падна на Уставен суд. Уставните судии денеска го укинаа членот 26 од законот за основно образование со која беше овозможено да се организира верско образование за основците.

Според уставот на граѓаните им е загарантирано правото на вероисповест, но никој не треба да влијае врз нив дали ќе веруват или нема и како ќе го манифестираат своето верување, затоа уставните судии гласале за укинување на вероучењето.

„Во ситуација кога, таквата уставна определба за слобода на вероисповеста, како гаранција за граѓанинот, се поврзува со државна образовна установа, основно училиште, Уставниот суд оцени дека не се обезбедува одвоеност, во случајов на државата и верските заедници, туку нивно поврзување, што влијае на слободата на граѓанинот во вероисповеста“, изјави м-р Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.

Југослав Миленковиќ
 

Со укинувањето на веронауката не им е оспорено правото на верско образование на граѓаните, вели Миленковиќ.

„На верските заедници им е овозможено слободно да организираат верски училишта, но тоа подразбира надвор од државно - образовните установи“, вели Миленковиќ.

Во последниве десетина години ова е вторпат уставниот суд да води постапка во која се допира државата и религијата. Една од нив беше укинувањето на молитвата која учениците требаше да ја кажуваат на почетокот на часот.

Иницијативата за укинување на веронауката ја поведе пратеничката група на ЛДП. Досега за овој изборен предмет кој започна да се изучува од септември минатата година, за платите на вероучителите, државата потроши еден милион евра.

Реакции на политичките партии и верските заедници за одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката.

Андреј Жерновски
 

За ЛДП која ја поднесе иницијативата за укинување на овој предмет во училиштата, ова е вистинското решение. Андреј Жерновски побара оставка на министерот за образование.

„Бараме веднаш да се примени оваа одлука на Уставниот суд, и поповите и оџите да ги напуштат конечно училиштата во Република Македонија“ Андреј Жерновски од ЛДП.

Осуда за одлуката на Уставниот суд стигна од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставниот суд очигледно е политички мотивиран. Една инсталација којашто има јасна политичка обоеност, а факт е дека во Македонија десетици илјади изучуваа веронаука, 65% од децата ја одбраа веронауката да ја изучуваат“, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити, смета дека ваквите одлуки не треба да се носат на сред учебна година.

Влатко Ѓорчев
 

„Веронауката не беше во смисла за исповед, проповед, туку само да се запознаат децата со нивните религии“, рече Рушити.

Исламската верска заедница денеска излезе со став за укинувањето на веронауката. За нив ваквата одлука на Уставниот суд се базира на стереотипи и атеизам.

„Граѓаните ќе ги остави пак да бидат подучувани за религијата од нивните членови од нивното семејство. Тие не се доволно едуцирани верски, со стереотипи се, со негативно гледање кон религијата на другиот, и мислам дека од генерација на генерација ќе пренесуваме сакато мислење во однос на религиските вредности“, Јакуп Селимовски од ИВЗ.

Македонската православна црква по Велигден јавно ќе го каже својот став. Но портпаролот на МПЦ вели дека оваа одлука е неправедна и дека наместо да се развива демократијата се оди кон едноумие. Според тимотеј 100 проценти од исламските и 70 проценти од православните граѓани се изјасниле за изучување на веронауката во основните училишта.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Жерновски: Кој ќе ја плати одговорноста што училиштата се претворија во цркви и џамии? [12.02.2009]
• МПЦ и ИВЗ изненадени од одлуката на уставните судии [12.02.2009]
• Изучувањето историја на религии е најдобра опција [11.02.2009]
• Дали веронауката ќе биде укината? [11.02.2009]
• Средните верски училишта ќе станат државни [29.01.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk