Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Во Македонија засега нема заболен од свински грип

Коментари (1)   
29.04.2009 17:20
Јованка Костовска
 

Во Македонија нема ниту еден сомнителен случај заболен од опасниот вирус. Граѓаните самоволно да не набавуваат од лекот тамифлу, а аптеките да не го издаваат лекот без препорака на лекар.

Ова е најновата препорака од надлежните здравствени власти.

„Лица коишто биле во авионите и коишто биле во ризичните земји, меѓутоа нивниот број не е голем. Се работи за десетина лица, коишто ќе бидат под надзор“, изјави Јованка Костовска, член на комисија за заразни болести.

„Давањето на тамифлу лекови ќе биде централизирано само од здравствени работници во соодветните установи, меѓутоа никако пациентите да создадат резерви, да бараат резерви на тамифлу или самостојно да си земаат лекови“, вели Бујар Османи, министер за здравство.

Засега има 13.000 пакувања од лекот тамифлу кој се дава во првите 48 часа од појавата на симптомите. Министерство ќе набави уште 200.000 дози.

Бујар Османи
 

Инфективната клиника располага со 120 кревети, кои во случај на вонредна состојба можат двојно да се зголемат. Има две простории со негативен притисок, каде би се изолирале можните заразени од опасниот вирус.

Државата се подготвува на највисоко ниво за можна пандемија од опасниот вирус. Се прават оперативни планови на национално и локално ниво. На Центарот со управување со кризи и на град Скопје им е дадено задолжение да изготват план во случај на вонредна состојба.

„Ги повикувам сите институции коишто се опфатени со овие планови, и коишто имаат задолженија согласно планот, сериозно да ги сфатат своите задачи, бидејќи ние сега дејствуваме превентивно. Ќе направиме контрола на неколку болници и здравствени домови, за да се проверат дали имаат изготвено оперативни планови и како тие се спроведуваат“, вели Османи.

Се уште нема забрана за апсолвентските екскурзии, но препорака е да не се патува доколку не е неопходно. Надлежните велат нема место за паника.

„Да не се заплашуваме сега дека е тоа нешто што е многу очекувано дека ќе се случи. Ние сме апсолутно припремени да се справиме со вакво нешто“, рече Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна клиника.

Комисијата за заразни болести постојано заседава и секојдневно ја следи состојбата. Османи вчера во Истанбул се сретнал со Марк Данзон регионален директор за европа на СЗО на кој пренел како Македонија се подготвува за евентуална пандемија од опасниот вирус.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Свински грип во Хрватска? [29.04.2009]
• Три сценарија за ширење на грипот [29.04.2009]
• Бебе прва жртва на свинскиот грип во САД [29.04.2009]
• Хрватите масовно купуваат тамифлу [29.04.2009]
• Четврти степен на готовност [28.04.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk