Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Занимливости  

Лажна вест за мистериозно исчезнување на Анџелина Џоли

Коментари (26)   
30.06.2009 10:28

Дел од медиумите во трката за нови вести и што побрзо нивно објавување пуштија во етер вест за мистериозно исчезнување на Анџелина Џоли.

Дека веста не е точна говори фактот што извор е интернет старницата mediafetcher која служи за забава и на која самите учествувате во креирањето вести.

Еве го линкот до оригиналната вест: http://angelina.jolie.mediafetcher.com/news/top_stories/actor_st_tropez.php

Како што открива македонски блогер Zoriv токму на тој „сериозен“ извор mediafetcher постои можност да впишете кој сакате актер и web страницата ќе ви ги даде сите исти вести, но за различна позната личност.

Ако на Fake A Wish - Celeb Fake News Generator го внесете името на Анџелина Џоли ќе видите дека до сега три пати умрела, а во меѓувреме станала и светски шампион во мастурбирање. Истото ќе се случи само доколку ставите името на било која позната светска личност.

A1.com.mk со должна почит кон посетителите и во име на навремените и проверени информации мораше да се вклучи во овој галиматијас на интернет и со вакво објаснување сега ви овозможува и да ја прочитате лажната информација.

Анџелина Џоли исчезна?!

Луксузна јахта потонала во близина на брегот на Сент Тропе, Франција, јави Медиа Фичер доцна попладнево. Пријавено е исчезнувањето на актерката Анџелина Џоли, која наводно била на јахтата.

Според медиумските информации, таа била на одмор на крстарење во приватната луксузна јахта. Француската морнарица повикот за спас го добила од 10 лица од јахтата, во близина на Сент Тропе.

Со помош на ГПС систем се пребарува околината каде јахтата потонала.

Но поради лошите временски услови и немирното море, спасувачките екипи морале да се повлечат и да ја прекинат потрагата.

Нема потврдени информации за преживеани, а спасувачките екипи се на стенд бај, во случај на подобрување на временските услови. Се верува дека избувнал пожар на палубата, како резултат на турбулентните води и високи ветришта кои предизвикале бранови.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Анџелина Џоли планира политичка кариера [24.06.2009]
• Бред Пит изгуби од Обама [17.06.2009]
• Анистон и Пит на тајни состаноци? [12.06.2009]
• Бред Пит - што е милионче за една слика [11.06.2009]
• Џоли и Пит не живеат заедно [07.06.2009]

  Најнови вести од Занимливости 
• Геј игри во Келн [31.07.2010]
• Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон [30.07.2010]
• Октопод во САД ќе прогнозира бокс мечеви [30.07.2010]
• Во Косово живеат Алжирци, а Тито е османлиски војник? [29.07.2010]
• Венчавката на Челзи Клинтон ќе чини околу 4 милиони евра [29.07.2010]
• Македонски идол од есен во македонска продукција [28.07.2010]
• Морган Фримен пристигна во Сараево [28.07.2010]
• Отворен хотел на дрва [28.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk