Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Тале Огненовски - џез музичар на денот на allaboutjazz.com

Александра Бубевска Коментари (8)   
09.07.2009 16:02
Тале Огненовски
 

Светски познатата интернет страница за џез музика all about jazz, деновиве објави статија со која му оддаде признание на македонскиот инструменталист и композитор Тале Огненовски.

Текстот се однесува на признанието кое овој сајт му го доделило на 27 април, денот на неговиот роденден, прогласувајќи го за џез музичар на денот.

Исто вакво признание имаат добиено најславните имиња на џезот како Бени Гудман, Мајлс Дејвис, Дјук Елингтон или Ела Фитџералд.

87-годишниот чичко Тале, уште во 1956 година настапувал во „Карнеги Хол“ во Њујорк, работел во „Танец“ и во многу други ансамбли, негова се уште неисполнета желба е да сними што повеќе од неговата музика.

„Сега мене ми претстои само да ја снимам цела музика. Имам 150 ора што сум компонирал, јас одев по сите друштва, и во Битола, кларинистите да учат, без пари свирев 20 години. Е сега, Тале ќе го викнеме, одам - пари не сакам. Имаат некои изјави дадено - не сака Тале пари“, вели Тале Огненовски.

Огненовски свири на кларинет, зурла, гајдарка и кавал, американската продуцентска куќа „Индепендент“ има издадено три албуми со негова музика, но минатата година на конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес бил одбиен од комисијата на Министерството за култура, сепак тој не се откажува.

„Да ја снимам цела музика, некој го фаќа паника - овој уште не умира, а не сум за умирање, ќе творам и ќе снимам, да ве насмеам“, рече Тале Огненовски.

Тале Огненовски има компонирано и аранжирано 150 македонски народни ора, еден класичен концерт насловен „Тале Огненовски концерт за кларинет бр.1“ и 12 џез-композиции.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Заврши Фестивалот на Француски филм [05.07.2009]
• Славниот Азнавур добитник на Златна маска во Охрид [04.07.2009]
• Енио Мориконе на отворање на Охридско лето [03.07.2009]
• Танец доби Гран при во Бугарија [02.07.2009]
• Светското диригентско чудо Ривас на Скопско лето [29.06.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk