Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Исечен еден од најстарите дрвореди во Скопје

Фросина Трајковска Коментари (80)   
17.07.2009 12:47
 
 

Отсечени се 32 дрва на улицата Илинденска на потегот од зградата на Владата до фонтаната во Градски парк поради градежните работи за поставување на атмосферска канализација.

Од 7 часот изутрината улицата беше затворена за сообраќај. Возилата беа пренасочени по околните улици.

Сообраќајот во наредниот период ќе се одвива во една коловозна лента, додека на другата ќе се гради.

„Денеска се подготвува теренот за атмосферската канализација. Магистрален вод. Сите стари дрвја, околу триесетина, се исечени и тоа е“, вели Мичо Поповски, потпретседател на комитетот за урбанизам на град Скопје.

Жителите од околните згради се видно вознемирени - се уништува еден од најстарите дрвореди во Скопје.

 
 

Се плашат дека градските власти ќе ги сечат дрвјата за да направат простор за проширување на улицата.

„Сабајле дојдоа со полиција да ни кажат дека колите сметале. Ние мислевме дека има некоја посета на некој претседател што се случува често, меѓутоа таа интервенција била за да се сечат дрвјата“, вели жителка на Скопје.

„Животот на тие луѓе тука што се и на фирмите и на семејствата ќе биде тотално оневозможен“, објаснува еден граѓанин.

Акцијата за поставување на атмосферска канализација на Илинденска ќе продолжи и во наредните 30 дена. Дотогаш сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента со посебен собраќаен режим.

Kоце Tрајановски
 

Градоначалникот Kоце Tрајановски ја одобри акцијата на „Илинденска“. Не може 500 илјади луѓе да бидат заложници на 500 жители.

„Тоа што се прави денес е некое досега одложување на извршувањето на одлуката која Секторот за комунални работи ја има донесено пред неколку години. Нивното сечење е во функција на новата атмосферска канализација која треба да биде во функција на булеварот Илинденска“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

„Јас сум одговорен да го решам сообраќајниот хаос во градот Скопје. Се она што е по закон, јас ќе го направам за да имаме подобар сообраќај. Ние нема да бидеме заложници на никого. Нема да бидат заложници 500.000 граѓани на Скопје заради некои таму што сакаат или не сакаат“

А вие би сакале од влезот од вашиот дом да се симнувате директно на булевар?

„Не одговарам на такви прашања. Како ќе предложат стручните служби, така ќе биде. Јас сум политичко лице“, одговори Трајановски.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Осветлен Камениот мост [16.07.2009]
• Јакимовски: Државата да не ги кочи зацртаните проекти [14.07.2009]
• Аеродром бесправно урива приватен имот [02.07.2009]
• Поповска демантира дека нејзини луѓе дале зелено светло за градба [26.06.2009]
• Повторно откривање на Скопската чаршија [23.06.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk