Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Најголема бродска несреќа во Македонија

Коментари (430)   
05.09.2009 11:42
Бродот „Илинден“ превезувал 55 патници, а бил регистриран за 43
 

Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Спасувачките екипи се уште работат на извлекување на жртвите. Според официјални информации од МВР потврдена е смртта за 15 лица.

Во бродот се наоѓале вкупно 54 патници плус тројца членови на екипажот. Тројца се уште се борат за живот, 40 се спасени. Од загинатите идентификувани се 11 бугарски државјани. Во бродот имало група туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.

Несреќата се случила 15-тина минути пред 11 часот. Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“, кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“. Бродот започнал да тоне во 10:30 часот, веќе во 10:33 задниот дел му бил под вода, а во 10:37 целосно потонал.

Според податоците од Катепатинијата во Охрид бродот „Илинден“ поседувал сертификат за пловидба од 29 Мај 2009. година во важност од една година. Бродот е регистриран за 43 патници, а според податоците од Капетанија, бродот се наоѓале 57 лица.

Министерот за транспорт Миле Јанакиевски си поднесе оставка од морални причини. За вестите на А1 Телевизија, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, изјави дека ова е најголема бродска несреќа во Македонија. Според неа, официјална потврда за смрт има за 15 лица.

Фотографии од МИА
 

Првичната изјава дадена од капетанот на бродот е дека одеданаш бродот му се превртел на десно и потонал.

Пукање на сајла со која се одржува балансот на бродот е најверојатно причина за трагедијата што се случи претпаднето во Охридското езеро.

Педесетина лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“. Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид.

Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега.

МВР во моментов ги разгледува снимките донесени од „Еулекс“ за да се утврди бројот на патниците и дали сите се регистрирани.

Од причина што патниците на бродот не носеле патни исправи со себе МВР не ја отфрла можноста да има странски државјани но, се уште работи на утврдување на нивниот идентитет.

На терен пристигнаа и специјалните нуркачки екипи од МВР Скопје. Неофицијално на бродот „Илинден“ имало трипати повеќе патници туристи од дозволено, поради претовар се превртел и веднаш почнал да тоне, овие информации не ги потврдува македонското МВР бидејќи истрагата е во тек.

Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро. Велат дека виделе како бродот се поделил на два дела и потонал за неколку секунди.

Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив.

Се уште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, најверојатно бродот потонал од претовар.

Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.

Според неофицијални информации од Капетенијата во Охрид, бродот „Илинден“ е произведен 1924 година во Регенсбург, Германија и бил дел од воена моранрица во времето на кралството на СХС.Капетан на бродот бил 23-годишниот Сотир Филев.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Жена загина при судир на глисери во Охридско Езеро [23.08.2009]
• Им нуди ли Охрид безбедно езеро на туристите? [17.07.2009]
• Рибарите го оспоруваат конкурсот за концесија на езерата [29.12.2008]
• Младиот виолинист Бараковски ќе учествува на Охридско лето [11.08.2004]
• Продолжува урбанистичкиот хаос во Охрид [08.02.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk