Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Понеделник - ден на жалост во Бугарија

Коментари (74)   
05.09.2009 17:01
Иванов - Прванов
 

Извлечени се 15 безживотни тела, посебно тешко било извлекувањето на телата на четворица туристи кои биле заглавени внатре во трупот на бродот. Дел од настрадани во бродската несреќа утрото во Охрид, кога потона бродот „Илинден“, се бугарски туристи.

Владин авион, кој го испрати бугарскиот премиер Бојко Борисов слета во Охрид, јави бугарската новинска агенција БТА.

Во Охрид со авионот пристигнаа бугарските министри за здравство Божидар Нанев, за транспорт, информатички технологии и соопштенија Александар Цветков, заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков, како и медицински екипи.

Рајков ќе се сретне со преживеаните патници на бродот „Илинден“, додека министерот Нанев во болница ќе ги посети повредените бугарски туристи. Бугарија за преживеаните ќе испрати вонреден авион кој треба да ги врати дома.

Понеделник ќе биде ден на национална жалост во Бугарија поради трагедијата со потонатиот брод во Охридското езеро, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов на брифинг во Софија, јави новинската агенција БТА.

Фирмата, која ги превезувала туристите е "Клјунчев" ЕООД, информира Борисов. Тој уште рече дека сите семејства на загинатите ќе добијат помош од по 10.000 лева.

Бугарската новинска агенција БТА, повикувајќи се на информации од бугарскиот генерален конзул во Битола Наум Кајчев, објави имиња на идентификувани бугарски државјани кои загинаа во несреќата во Охридското Езеро:

Груевски - Борисов
 

Георги Ганчев Метанов, Куна Иванова Маџарова, Тодор Тончев Стаменов, Невенка Николова, Славка Михајлова Иванова, Бинка Гушанова, Марија Радева Димитрова, Нонко Николов Маџаров, Гина Дончева Георгиева, Павел Кузманов Павлов, Лушка Георгиева

Три тела се уште не се идентификувани.

Списокот бил објавен на вонредниот брифинг на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот претстедал Георги Прванов попладне ќе допатува во Охрид каде ќе го пречека шефот на државата Горѓе Иванов.

Претседателот на Република Македонија Горге Иванов по повод трагичниот инцидент во Охрид денеска телефонски разговараше со бугарскиот претседател Георги Прванов.

Македонскиот претседател му ветил на Прванов дека Македонија ќе направи се за ублажување на последиците од несреќата.

Владата за попладнево закажа вонредна седница. Утршниот ден најверојатно ќе биде прогласен за ден на жалост.

 
 

Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охрид

Македонската Влада изрази жалење за бродската несреќа во Охридското езеро во која, според првичните сознанија, повеќе од десет лица го загубија животот.

Кон Охрид попладнево се упатија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за здравство Бујар Османи.

На местото на несреќата се очекува да пристигне и министерот за одбрана Зоран Коњановски, јави МИА.

Десетина лица настрадаа денеска кога туристичкиот брод „Илинден“ се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. Бродот, според неофицијални информации превезувал група од педесетина туристи од Бугарија.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Преживеан: На бродот имаше два елека за спасување [05.09.2009]
• Очевидец: Мртви луѓе лебдеа во езерото [05.09.2009]
• Најголема бродска несреќа во Македонија [05.09.2009]
• Жена загина при судир на глисери во Охридско Езеро [23.08.2009]
• Им нуди ли Охрид безбедно езеро на туристите? [17.07.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk