Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Агровести  

Кастрења во буџетот нема да ги засегнат земјоделците

Игор Манасиевски Коментари (2)   
14.09.2009 17:17
Перица Ивановски, заменик министер за земјоделство
 

Субвенциите од 70 милиони евра наменети за земјоделците нема да се намалат со последниот ребаланс на буџетот.

Ова го потврди и заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски пред членовите на Комисијата за земјоделство.

Сепак, кратење на вкупниот буџет на Министерството ќе има за околу 8%, но тоа ќе било од непродуктивни ставки.

Дел од опозициските членови на Комисијата посочија дека нема видливи ефекти од исплатата на субвенциите.

„Ние сега, сакале или не, мора да признаеме дека некој мора да сноси одговорност во оваа држава. Не може повеќе Платежната агенција да дели средства на земјоделците по партиска основа и тоа да го прави без закон“, рече Никола Ќурчиев, СДСМ.

„Партиска или не, јас би рекол, дали на овој или на тој начин, си има одредени служби и ревизии законски коишто следат дали распределбата на средствата е врз основа на законот“, изјави Перица Ивановски, заменик министер за земјоделство.

Покрај низата кратења, единствено незначително зголемување во буџетот на Министерството има кај ставката за договорни услуги, каде со прераспределба на средства најдени се финансии за повторно ангажирање на 12-те стручни лица за да продолжи да функционира лозовиот катастар.

Овој проект е од големо значење и е обврска преземена од Европската унија. Луѓето од лозовиот катастар се враќаат по неколкуте остри реакции преку писмени преписки од евро амбасадорот Фуере до поранешниот министер за земјоделство и Владата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Сточарите се жалат од доценњето на исплатата на субвенциите [10.09.2009]
• ВМРО најавува удвојување на субвенциите [30.08.2009]
• Пелагониските сточари си ги бараат субвенциите [16.07.2009]
• Дополнителни 500 денари субвенција од грло [04.06.2009]
• Заинтересираност за субвенциите за рурален развој [03.05.2009]

  Најнови вести од Агровести 
• Се чисти коритото на Вардар во атарот на Јегуновце [08.09.2010]
• Земјоделците ќе имаат можност да извадат имотни листови [07.09.2010]
• Грозјето ќе се откупува по ланските цени [06.09.2010]
• Цената на лебот засега останува иста [06.09.2010]
• Албанија нема да поднесе резолуција за Косово [06.09.2010]
• „Смоквијада“ во Гевгелија по четврти пат [05.09.2010]
• Протест на лозарите од Тиквешијата [05.09.2010]
• „Федерацијата не работи во интерес на фармерите“ [27.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk