Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Агровести  

Од утре барања за преостанатите субвенции

Соња Јанковска Коментари (0)   
04.10.2009 18:48
 
 

Земјоделците од утре можат да конкурираат за преостанатите субвенции за сточарството и растителното производство.

Овие мерки се и последните од годинешната програма за финансиска поддршка на земјоделството. Од растителното производство, земјоделците можат да конкурираат за субвенции за индустриски и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, предадено грозје во домашни визби, а во оваа категорија се е мерките за субвенции за произведен сертифициран семенски и саден материјал.

Сточарите, во овој период треба да поднесат барања за субвенцијата за предадено млеко во периодот од мај до септември годинава, но исто така можат да аплицираат и за субвенциите за продадени говеда, гоеници и кокошки во кланици, добиено теле по вештачки пат, набавени приплодни говеда, овци и кози, произведени еднодневни пилиња, набавка на матици и подигање на нови површини со медоносна флора.

Сточарите пополнетите барања за субвенции до подрачните единици на Министерството за земјоделство треба да ги поднесат најдоцна до 25. овој месец. Рокот за аплицирање за субвенциите за субвенциите за растително производство е до 5. ноември.

Од Платежната агенција велат дека им стојат на располагање на земјоделците за сите нејаснотии.

Со цел полесно да дојдат до субвенции, веќе еден месец во Платежната агенција во функција на земјоделците работи „Call центарот“, со што телефонски можат да ги добијат сите информации.

Исплатата на последните субвенции ќе се врши преку Платежната агенција, по завршувањето на контролите на терен.

Досега се исплатени околу 50% од годинешните 70 милиони евра субвенции за земјоделството.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Кастрења во буџетот нема да ги засегнат земјоделците [14.09.2009]
• Сточарите се жалат од доценњето на исплатата на субвенциите [10.09.2009]
• ВМРО најавува удвојување на субвенциите [30.08.2009]
• Пелагониските сточари си ги бараат субвенциите [16.07.2009]
• Дополнителни 500 денари субвенција од грло [04.06.2009]

  Најнови вести од Агровести 
• Залихите на вино најавуваат неизвесност на новата реколта [30.07.2010]
• Арачиновци со проблеми на наводнувањето [28.07.2010]
• Валандовското поле остана суво - земјоделците револтирани [28.07.2010]
• Без наводнување, се сушат плантажите во Валандовско [27.07.2010]
• Тешка година за лозарите [27.07.2010]
• Почна гроздоберот на плантажите на визбата Валандово [26.07.2010]
• Гром усмрти стадо овци во Арачиново [25.07.2010]
• Репортажа од село Буковиќ [24.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk