Устоличен српскиот патријарх Иринеј
23.01.2010 14:22
Во Соборната црква во Белград денеска е устоличен новоизбраниот патријарх на Српската православна црква Иринеј. По устоличувањето српскиот патријарх во придружба на митрополитот црногорско-приморски Амфилохие и принцот Александар Караџорџевиќ премина од Соборната црква во патријаршкиот двор од каде Иринеј ги повика верниците да бидат ревносни и во недела и во празниците да бидат во црква. Српскиот патријарх на свеченоста на устоличување порача дека ова е голем момент и голем ден за него лично и изрази уверување дека така чувствува и српскиот народ. Тој рече дека неговото „срце трепери како ветер да го придвижува, уплашено со голема свест и сознание во прашањето дали е достоен на ова високо звање и оваа голема почест“. На устоличувањето присуствуваа бројни државни функционери, како и претставници на верските заедници во Србија. Според уставот на СПЦ, свеченото устоличување на владиката Иринеј за патријарх ќе биде во манастирот пеќка патријаршија на Косово, а датумот ќе биде дополнително одреден. Иринеј за 45-ти поглавар на СПЦ беше избран по пат на ждрепка во конкуренција на црногорско-приморскиот митрополит Амфилохие и бачкиот епископ Иринеј. Овие тројца архиереи на гласањето добија повеќе од половина гласови на членовите на Соборот. Иринеј Гавриловиќ е роден во 1930 година во селото Видови кај Чачак. Богословија завршил во Призрен, Богословски факултет во Белград, а постдипломски студии во Атина. Во 1969 година станува управник на Монашкото училиште во Остршкиот манастир, а потоа и рекор на Призренската богословија. Во 1974 година е избран за моравички викарен епископ, а во 1975 година за нишки епископ, на која должност беше до денеска.
| 1. | Pirin од stuttgart на 23.01.2010 во 15:30 напиша: |
| stom zavrsil vo atina turi mu pepel , toj e janicar. |
| |
|