Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Во Прељубиште се учи и на македонски и на албански

Наим Вренези Коментари (5)   
03.02.2010 15:32
 
 

Владата не може, но невладината „Нансен Дијалог Центар“ може. Додека во Македонија се водат остри дебати од кога треба првачињата Албанци да го изучуваат македонскиот јазик и дали треба албанскиот да го учат првачињата Македонци, дилемите во Прељубиште, тетовско одамна се решени.

Во иста училница учат и Албанчиња и Македончиња, и тоа на двата јазика, истовремено. Со две наставнички, на двата јазика, со исти униформи и исти можности со проект на невладината Нансен дијалог Центар од Скопје и со финансиска поддршка од Кралството Норвешка, среде Македонија европски модел на образованието.

Во почеток се соочиле со проблеми, но со објаснување се е надминато, вели за А1 раководителот на Проектот Саше Стојковски.

„Најголемата улога во отпочнувањето на проектот ја имаат родителите на учениците Албанци и Македонци, програмата за двојазично интегрирано образование и обуките на наставниците кои треба да ја имплементираат таа програма. Сите овие компоненти кога ќе се соединат, едноставно даваат одлични резултати“, рече Саше Стојковски, извршен директор на НВО „Нансен Дијалог Центар“.

Зошто не се спроведува владината одлука, Стојковски со одговор, само дел од стратегијата на Волебек е промовирана, не се работело на терен на запознавање со неа, со еден според него целата работа е избрзана.

„Стратегијата или документот за интегрирано образование беше селективно толкуван од страна на поедини политичари и затоа на некој начин причината за бојкотот е тоа. Мислам дека за да се надмине ситуацијата и да се намалат тензиите, потребно е повлекување на личната одлука на министерот“, вели Стојковски.

Со моделот кој се спроведува во Прелубиште, од кога ќе завршат со редовната настава, учениците од двете заедници се собираат во училницата, седат еден до друг, учат една лекција и на двата јазика. Вака ја учат терминологијата и се дружат, велат наставничките.

„Ниту едно дете, Албанец не го зборуваше македонскиот јазик, сега сите го разбираат, бидејќи ова е втора година што работиме со нив. Било која од нас учителките да им се обрати и на било кој јазик македонски или албански сите ученици разбираат“, рече Линда Јашари, наставничка.

„Да се работи во вакво училиште и на ваков начин е прекрасно и е големо задоволство. Пред да почнат со програмата децата одеа во работилници на кои се подготвуваа да бидат дел од неа“, изјави Елизабета Стаменковска, наставничка.

70 насто од настава која ја спроведува „Нансен Дијалог Центар“ во училиштево во Тетово, е токму од Стратегијата за интегриран образовен систем, која се уште не е усвоена од Бирото за развој на насатавата.

За еден месец, до основно училиште ќе започне изградбата и на првото средно училиште интегриран образовен систем. Дали овој модел на настава ќе биде предизвик за министерот Тодоров, останува да се види.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Рикер: Сите млади да го совладаат македонскиот јазик [02.02.2010]
• Хереро: Препорака е македонскиот јазик да се воведе внимателно [30.01.2010]
• Груевски: Проектот македонски јазик е мост на интегрирање [30.01.2010]
• Адеми: ОБСЕ партнер без кој не можеме [28.01.2010]
• Тодоров: Македонски за сите првачиња [27.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  6. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  7. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  3. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk