Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Барок, класицизам, романтизам во центарот на Скопје

Предраг Петровиќ Коментари (171)   
04.02.2010 13:33
 
 

Александар на Букефал, црква на плоштадот и стариот офицерски дом ќе ги има на плоштадот. Сите ќе се градат, и низ видео презентација од општина Центар конечно го претставија ликот на Скопје што замислиле да го добие до 2014 та година.

Уште денеска почна да се дислоцира подземната инсталација на плоштадот по што ќе следи изградба на фонтаната над која ќе стои Александар на Букефал. Авторката на споменикот вели дека Александар Велики ќе се појави во Скопје за една година.

„Ова е уметничко дело, а уметноста е вечна и не би сакала да зборувам нешто што е поврзано со политика, поради тоа што политиката е минлива, а уметноста е вечна“, изјави Валентина Стефановска, скулптор.

Стефановска е автор и на Портата на културата кај Пела, објектот ќе се гради паралелно со фонтаната и постаментот за Александар. И црквата за првпат е визуелизирана во конечниот изглед, но нема потврда од МПЦ дали ќе почнат со нејзина изградба до 2014 та година.

На плоштадот ќе се градат и два хотели, до нив летниковец и Офицерскиот дом на старото место од пред земјотресот. Ќе се менуваат и фасадите на сите згради на скопскиот плоштад, но од 2011 та.

„Воопшто не е лажна визуализација, сигурно дека тие ќе се разубават, но дали ќе бидат баш идентично вакви, затоа нема конкурс на идејни решенија, сигурно ќе се разубават“, вели Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

Од другата страна на Вардар, зградата на Уставниот суд каде што ќе бидат и Државниот архив и Археолошки музеј, Агенцијата за електронски комуникации, Јавното обвинителство и Финансиската полиција, Министерството за надворешни работи и до него уште еден хотел.

 
 

Кај МОБ ќе се гради зградата на новата филхармонија. Со изградбата на административните објекти се заштедувале еден и пол милиони евра што сега годишно се плаќале.

„Целокупната расправа за и околу случувањата со интензивната изградба на објектите во малиот ринг, на моменти не потсетува на Среќна Нова. Имаме чувство дека сме донесени пред ѕид и дека треба да се произнесеме за што сме, барок, класицизам, нео-класицизам, романтизам“, рече Елизабета Канческа, министер за култура.

Кај Камениот мост почна и поставувањето на постаментите за Гоце Делчев и Даме Груев. До 2014-та година се замислени и каскади на Вардар, два нови моста со скулптури.

Новиот изглед според власта е симбиоза на стилови. Велат се надоместува скокот на една историско урбанистичка фаза од европската цивилизација, кога овде била Отоманската империја и се поправало сивилото од неколкуте децении наназад кога Скопје не било приоритет на поранешната федерација.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Макрадули: На Скопје му фали уште сфинга [30.01.2010]
• Усвоен деталниот урбанистички план за малиот Ринг [29.01.2010]
• Барокот во Македонија ќе го уништи македонскиот идентитет [29.01.2010]
• Центарот на Скопје во 21 век ќе се враќа кон антиката и барокот [28.01.2010]
• Откорната спомен-плочата на Мара Бунева [26.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]
• 35-то јубилејно издание на фестивалот МОТ [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk