Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Рамадани: Груевски испраќа тажна и опасна порака

Предраг Петровиќ Коментари (23)   
05.02.2010 16:09
Рамадан Рамадани
 

Иницијаторите за изградба на Бурмали џамија разочарани што во видео презентацијата не го виделе верскиот објект што бараат да се изгради. Наместо него, власта сепак се одлучи за стариот офицерски дом. Ваквиот однос, велат од координативниот одбор за Бурмали џамија е навредлив.

Тие најавија дека ќе се среќаваат со сите претставници на меѓународната заедница за да им пренесат дека оваа е игра е опасна.

„Ова е ептен тажна и ептен опасна порака и секој од Премиерот па надолу треба да знаат дека плоштадот на главниот град на Република Македонија кој им припаѓа на сите граѓани не е поле за играње Farm Vile, туку е многу озбилна работа, за која треба да се имаат в предвид и другите култури, другите цивилизации и другите етникуми“, рече Рамадан Рамадани, координативен одбор за Бурмали џамија.

Бурмали џамија
 

Рамадани најави дека течат подготовките за петочен обред на сред плоштад кој според него ќе бил еден од помасовните настани сред Скопје. Иницијативата за џамијата иако пред неколку години, се интензивира по најавата дека ќе се гради црква на плоштадот.

Од координативниот одбор бараат ако се гради црква да се гради и Бурмали џамија или да не се гради никаков верски објект.

Велат дека и по вчерашната презентација на планот како да изгледа Скопје во 2014-та, нема да се откажат од намерата на плоштадот да се гради и Бурмали џамија. Зад ваквите барања стои и исламската верска заедница.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Ќе остане ли Македонија без својата автентична култура? [05.02.2010]
• Протест на „Плоштад слобода“ против антиквизација [04.02.2010]
• Топузова: Владата ја зафатило „коњофилство“ [04.02.2010]
• Барок, класицизам, романтизам во центарот на Скопје [04.02.2010]
• Макрадули: На Скопје му фали уште сфинга [30.01.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Честитка на премиерот и претседателот за Рамазан Бајрам [09.09.2010]
• Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам [09.09.2010]
• Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро [08.09.2010]
• Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија [08.09.2010]
• 19 години самостојна Македонија [08.09.2010]
• Власта не сака професионално и објективно новинарство [08.09.2010]
• Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари [08.09.2010]
• Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт [08.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  6. Не можевме ниту со Ерменија
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk