Тепачка на монаси во манастирот Грачаница
15.02.2010 11:35
Тепачка пред манастирот Грачаница - две групи монаси разменуваа тупаници - едните како поддршка на сменетиот владика рашко-призренски Артемије, другите бидејќи ја почитуваат одлуката на Синодот на Српската православна црква за негово разрешување. Како што јавуваат српските медиуми, до општата тепачка што се случи вчера пред манастирот Грачаница на Косово дошло кога групата предводена од црноречките калуѓери се обидела на сила да влезе во манастирот за да го заштити владиката Артемије. Во тепачката на „светите лица“ нема повредени, а поголем инцидент спречиле војниците на КФОР. Пред два дена Синодот на СПЦ поради сомнително работење го разреши владиката Артемие и на негово место како администратор го постави пензионираниот владика захумско-херцеговски Атанасије Јефтиќ. Владиката Атанасије вчера и службено ја презема функцијата и одржа литургија пред околу 200 верници. Монасите се степале непосредно по литургијата - се туркале и се влечеле за брадите, а успеале и насилно да влезат во манастирот.
| 1. | Nekoj на 15.02.2010 во 18:03 напиша: |
| Hihih se turkale i vlecele za bradite. Coool a? Kako ne im e sram be, ko zeni( sekubale za bradite ). Zemi barem pistol be vo Kosovo si ili kaj si. |
| |
| 2. | cule од stogovo на 16.02.2010 во 09:32 напиша: |
| kade se prodavaat vlezni karti za ova tepacka |
| |
| 3. | Интроспекција од Росоман на 16.02.2010 во 10:54 напиша: |
Тажно е тоа што се случило во Грачаница. Да не се ситиме туку секој нека си погледне во себе. Да не случајно имал некоја слична ситуација или можеби многу лесно може да се најде во такво издание посебнио ако многу осудува и се потсмева. |
| |
| 4. | Интроспекција од Росоман на 16.02.2010 во 10:59 напиша: |
Тажно е тоа што се случило во Грачаница. Да не се ситиме туку секој нека си погледне во себе. Да не случајно имал некоја слична ситуација или можеби многу лесно може да се најде во такво издание посебнио ако многу осудува и се потсмева. |
| |
| 5. | Alban од Tetovo на 15.02.2010 во 13:55 напиша: |
| Divljastvo!! |
| |
| 6. | Јода на 15.02.2010 во 14:04 напиша: |
| Епа, џабе не се нинџи :)) |
| |
| 7. | сл од битола на 15.02.2010 во 14:29 напиша: |
срамотааа..па уште ни ја оспоруваат нашата афтокефалност...срамотаааа секоја одлука на свет архиерејски синод треба да се почитува! СРАММ |
| |
| 8. | G.A. од Skopje на 15.02.2010 во 14:53 напиша: |
| Ќотекот е излезен од рајот. :) |
| |
|