Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

„Македонија е грчка“ - хакерски пораки до А1

Гоце Михајлоски Коментари (63)   
27.03.2010 19:10
 
 

Македонија е Грчка. Порака со ваква содржина заедно со географска карта во која Република Македонија е дел од Грција го преплави сандачето за електронска пошта на А1.

Испратените се од извесна хакерска група ГХС, која уште и предупредува дека ќе го сруши целиот информатички систем на медиумот.

Нападот доаѓа на само два дена по парадата на која грчки војници среде Атина извикуваа антимакедонските пароли на парадата по повод националниот празник на Грција.

Специјалците на грчките поморски воени сили, прво извикуваа „Тие се скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“, а потоа и „Ќе се лее крвта на албанските свињи".

Испратената слика на електронската пошта на А1
 

Грчките власти уште вчера го суспендираа офицерот на единицата, и најавија казни и за војниците. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис нареди истрага и порача дека никој нема право да шири омраза и ксенофобија.

Инцидентот го осудија и грчките медиуми. Елефтеротипија прашува „Зошто толку омраза“, и Дали Грција живее во 2010 година со социјалистичка Влада или пак во сеќавањата на воената диктатура.

Расистички слогани денеска жестоко ги осуди и официјална Тирана. Вицепремиерот и министер за надворешни на Албанија паролите ги оцени како скандалозни и насилни.

Македонското МНР пак се уште молчи. Ќе испрателе протест, но откако ќе се увереле во автентичноста на видео материјалот.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Папандреу: Разменивме мислења во позитивна атмосфера [27.03.2010]
• Партиски реакции за средбата Груевски-Папандреу [26.03.2010]
• Економист: Нимиц за Нобелова награда за упорност [25.03.2010]
• Средба Груевски - Папандреу за името [25.03.2010]
• Средбата на Груевски и Папандреу можност за напредок [24.03.2010]

  Дополнителни информации 
• Како се појавија „разликите околу името“ [21.01.2008]
• „Вашингтон Тајмс“: Македонија инспирира конфликти со години [26.10.2005]
• Дел од фактите за македонско-грчките односи [04.11.2004]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk