Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бегалците од егејска Македонија поднесоа барања за своите имоти

Ирина Гелевска Коментари (11)   
28.06.2010 12:06
Ѓорги Доневски
 

Првата група деца бегалци од Егејска Македонија без проблеми викендов влегле во Воден, Грција каде покренале постапки за набавка на потребните документи за враќање на имотите.

Во целата процедура ќе имаат поддршка и помош од партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“.

„Они ја преземаа таа обврска, секој наш човек што ќе отиде таму да го однесат до општина, знаат грчки убаво, нашиве не се толку вешти во таа насока и на тој начин се добие“, изјави Ѓорги Доневски, здружение на деца бегалци.

Грчките власти барем во општина Воден не правеле проблеми околу добивањето извод од книга на родени и имотен лист од катастар за имотите.

„Не е проблем да се добие денес во Грција извод од матична книга на родени, од причини што постои таква документација. Во катастарот во Воден за сите по список наши луѓе, родено во околината на Воден да можат да си проверат каков се имот има дедо им да речеме или татко им на оние подносители и да можат да добијат имотен лист“, вели Ѓорги Доневски.

До крајот на годинава, сите деца бегалци организирано со адвокатот преку здружението и координативното тело за враќање на имотите со автобуси ќе можат да заминат во костурско, преспанско, леринско за да ги набават потребните документи за наследство.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Фокус: Македонците ги победија Молдавците по бројот на бугарски пасоши [25.06.2010]
• Да се зачуваат културата и јазикот на помалите етнички заедници во Албанија [26.05.2010]
• Децата бегалци од Егејска Македонија ќе добијат грчко државјанство [14.05.2010]
• Револт кај иселениците што неможат да добијат пасош [07.05.2010]
• „Нова зора“ - прв весник на македонски јазик во Грција [06.05.2010]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk