Охридските бродови револтирани од пратениците
31.07.2010 17:09
Охридските пратеници во парламентот останаа глуви на апелот на Охридските бродари и не дојдоа да ги слушнат нивните проблеми на денешниот протест со кој пред капетанијата, закотвените бродови го изразија револтот од забраната за пловидба со што од пред две недели им пропаѓа туристичката сезона, нивниот бизнис, страдаат туристите кои немаат воден пат до Свети Наум, Охрид го губи имиџот, а Охридското Езеро е без бродски сообраќај. Бродарите кои како еден од главните виновници за нивните хронични проблеми поради нестручност и непознавање на внатрешната пловидба, го гледаат капетанот на Охридската капетанија Љупчо Настески, и натаму бараат негова смена и реорганизација на капетанијата. Единствениот кој ги поддржа бродарите Охридскиот градоначалник Александар Петрески, смета дека забраната за пловидба на бродовите, од што Охрид и туризмот имаат огромни штети и другите проблеми поврзани со езерото се заложници по секоја цена и покрај некадарноста, на функцијата капетан да остане Настоски, поради роднинско - партиските врски со еден од Охридските пратеници на владејачката партија. „Не може оваа екипа од партиски војници да ја води Капетанијата, зошто таа е одговорна не само за Охридското Езеро, туку и за се што е пловно во Македонија, за сите езера, реки и пловни објекти. Овој кадар чиј најголем дострел во работата била работата во „Застава“ или Тане Маркоски, кој неодамна замина во пензија, срамота е за Македонија,ваква важна институција да ја водат не аматери, туку тотално нестручни и непрофесионални луѓе, чисто партиски војници“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.  | | Александар Петрески | | | |
Бродарите велат дека одамна воочувале на време да се реши проблемот за технички преглед, за да не дојде до временски теснец, но Капетанијата што постои за езерската пловидба и бродарите, со своето незнаење го погребува Охридското бродарство. „Поголемо понижување капетаните во Охрид никогаш немаат доживеано. Да бидат раководени од нестручни луѓе кои не се возени со брод, а камоли да бидат бродовозачи, капетани на брод и слично. Затоа бараме комплетна реорганизација на целата капетанија и сите надлежни мораат да сфатат во повисоките структури дека овој не е единствениот проблем кој е наметнат и не е решен. - Проблеми ќе има и понатаму. Најодговорно тврдам и прашувам од 2006 година, од кога е овој состав на Капетанијата, дали работата во овие четири години е мрдната четири милиметри“, рече Горан Устијаноски, претседател на Здружението на Охридските бродари. Поради неможноста да изберат најповолна фирма за технички преглед и неможноста да ги платат трошоците за регистрација, некои од Охридските бродари можно е да ги продадат бродовите на странски купувачи, со што Охрид може да остане без бродска флота.
| 1. | od jas од doma на 31.07.2010 во 21:31 напиша: |
| Dali sami ste se zaprasale zosto ste zakotveni. |
| |
| 2. | zoran од skopje на 01.08.2010 во 03:52 напиша: |
| da ne zaboravime sto se se sluci pred godina dena i odgovornite da ne popustaat na pritisocite na brodarite tuku da si ja vrshat rabotata kako sto treba ne smee da ima otstapki bidejki se raboti za covecki zivoti. Brodarite i gradonacalnikot ne se kompetentni da kazat koj e sootveten kadarot na kapetanijata imaa institucii koi ja sledat rabtata. treba da se vovede i nekoj red za vrabotenite na brodovite , za nivnata ljubeznost, strucnost i slicno. |
| |
|