Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Балкан  

Донесени пресудите за членовите на „17. ноември“

Коментари (0)   
08.12.2003 00:00

Грчкиот суд денеска ги донесе пресудите за 19-те обвинети членови на терористичката организација „17. Ноември“.

Петнаесет од обвинетите се прогласени за виновни, додека четворица, меѓу кои и едниствената жена Ангелики Сотирополу, се ослободени од обвиненијата.

„Мозокот“ на организацијата Александрос Јатопулос е прогласен виновен по 963 обвиненија, а правните експерти соопштија дека тој може да добие неколку доживотни казни затвор.

Судскиот процес против 19-те членови на „17. Ноември“ почна на 3 март и по 162 сесии, заврши на 24 ноември. Обвинителството имаше повеќе од 350 сведоци од кои 40 беа странци. Одбраната ангажираше 150 адвокати за вкупно 2.000 обвиненија.

Се очекува казните да бидат соопштени кон крајот на неделава.

Апсењето на членовите на 17Н, организација за чие потекло и состав постојат многубројни верзии, со децении беше постојано барање на САД кон Грција, и еден од главните елементи за подготовка на безбедноста на Летните олимписки игри во Атина, во август 2004 година.

Наречена по датумот на студентскиот бунт против тогашната воена диктатура во 1973 година, 17Н, од 1975 година до 2000 година, уби 23 странски и домашни официјални претставници и бизнисмени и изведе десеттина бомбашки напади што ги признаваше преку соопштенија објавени во печатот.

Последната жртва на 17Н, во јуни, 2000 година, беше британскиот воен аташе во Атина Стивен Сондерс, кој, според организацијата, беше убиен бидејќи бил еден од планерите на напади против НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија во 1999 година.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Избегнат судар на 2 авиона на атинскиот аеродром [05.12.2003]
• Грција дава 1милијарда и 363 милиони евра за развој на селото [03.12.2003]
• Засилени безбедносни мерки во атинското метро [27.11.2003]
• Анархисти го окупираа Теолошкиот факултет во Солун [25.11.2003]
• Брод со 70 имигранти потона во Егејско море [25.11.2003]

  Дополнителни информации 
• Папуљас доби нов петгодишен мандат [03.02.2010]

  Најнови вести од Балкан 
• Геј парадата најобезбедуван настан во Србија [09.09.2010]
• Средба Тадиќ-Ештон за резолуцијата [08.09.2010]
• Хомосексуалците не отстапуваат - Геј парада на 10. октомври [07.09.2010]
• Би-Би-Си: Белград ќе се согласи на компромис [07.09.2010]
• Друцас нов грчки министер за надворешни работи [07.09.2010]
• „Не преговараме за повлекување на нацрт-резолуцијата за Косово“ [06.09.2010]
• Уапсен озлогласениот Лирим Јакупи - Нацист [05.09.2010]
• Исламската заедница на Србија во пресметка со полицијата [04.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  2. Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
  3. Геј парадата најобезбедуван настан во Србија
  4. Кастро: Економскиот модел на Куба не функционира
  5. Не можевме ниту со Ерменија
  6. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата
  7. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  8. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  9. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  10. ОН ќе расправа за српската резолуција за Косово
  1. Не можевме ниту со Ерменија
  2. Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
  3. Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
  4. Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
  5. Чуркоски е првиот што го превесла Охридско езеро
  6. Убиство во Студеничани
  7. Власта не сака професионално и објективно новинарство
  8. 19 години самостојна Македонија
  9. Има ли поврзаност меѓу полицијата и франкфуртската мафија?
  10. Надал во четвртфинале на УС Опен
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk