Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Занимливости  

Малолетниците се изложуваат на опасност преку интернет блоговите

Макфакс Коментари (0)   
22.02.2006 00:00

Неодамна спроведената студија на американскиот универзитет Норвестерн покажала дека повеќето малолетници кои пишуваат блогови, популарни он-лајн дневници, на нив ги оставаат своите лични податоци, со што се изложуваат на потенцијална опасност, како од сајбер насилниците, така и од оние од „крв и месо“.

Студијата направена на 68 по случаен избор блогови направени од деца на возраст од 13 до 17 години, при што е откриено дека дури 75% од тинејџерите го напишале своето вистинско име, 67% својата возраст, 61% напишале некој контакт во форма на и-мејл адреса. Околу 60% од малолетниците кои одржуваат блог и ги објавиле своите податоци, го откриле и градот или државата во која живеат.

Дури половината од малолетниците вклучени во оваа студија, ги навеле адресите на блоговите на своите пријатели, а 70%оставиле можност посетителот да им остави коментар.

Сепак, стручњаците кои ја спровеле оваа студија наведуваат дека блоговите имаат позитивна улога во развојот на писменото изразување на младите луѓе и можат да послужат како добар медиум за размена на информации, а фактот дека од своите читатели добиваат одредена позитивна повратна информација може да им послужи како добар начин на одржување и развивање на општествени контакти.

Не е за чудење - дури 71% од вклучените во студијата ги коментирале настаните во своето училиште, а околу 50% своите он лајн дневници ги користат за да расправаат за актуелните музички настани.

Позитивната страна на блоговите често е под сенка на негативната, така што не е ретко малолетниците, токму поради објавените лични податоци, да станат цел на сексуално изопачените насилници или на некој друг начин негативно расположени возрасни или пак врсници.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Најнови вести од Занимливости 
• Гламурозно отворање на најстариот фестивал [02.09.2010]
• Џулијан Мур забранета во Венеција [02.09.2010]
• Ештон Кечер негира дека е неверен [02.09.2010]
• Мајкл Даглас прозборе за борбата со ракот на грло [02.09.2010]
• Стан на Флорида за 19.000 евра? [30.08.2010]
• Џорџ Клуни неискусен во снимањето интимни сцени [30.08.2010]
• Тоалетот на Џон Ленон продаден за 12 илјади евра [29.08.2010]
• Започна трката за избор на македонски идол [28.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk