Во битолско Жабени откопана надгробна стела од римско време
07.11.2006 00:00
Жители на битолското село Жабени при изведување градежни работи во своето дворно место откопале надгробен споменик од римско време. „Станува збор за фрагментиран мермер, отсечен споменик кој со дополнителна стручна анализа ќе треба да даде одговор на прашањето, дали во селото Жабени има нов археолошки локалитет или станува збор за веќе регистрираниот од времето на неолитот“, вели Аница Ѓорѓиевска, археолог од Битолскиот музеј. Според Ѓорѓиевска, можно е надгробната стела да ја исфрлиле подземните води. Ова откритие од денеска е под надлежност на Управата за заштита на културното наследство.
|