Албанските историчари го обвинуваат Паско Кузман за Илирида
21.12.2006 00:00
Археологија со политичка заднина. Албанските историчари го обвинија директорот на управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, за криење на докази за постоењето на Илирида. Тој вели, на скопско Кале ќе се истражуваат цивилизациските слоеви кои датираат од 10 век пред нова ера, а не некоја Илирида. „Нема Илирида, не постои такви нешто. Од која линија произлегуваат тие изјави дека археолозите, со археолошките ископувања можат да крадат или да обезличуваат, или пак да фалсификуваат податоци кои што ќе излегуваат од архивите на земјата“, изјави Паско Кузман. „Нема никакви задни намери, ниту скриени намери. Паско Кузман не крадел, ниту ќе краде од илирскодарданската албанска територија, така тие кажуваат, тоа не е илирида, но тоа е многу повеќе од Илирида. Нема потреба од такви изјави бидејќи тоа не постои“ додаде Кузман. Претседателот на здружението на историчари албанци, Скендер Асани кои од насловната страница на весникот „Факти“ најави протести за одбрана на илирските вредности. Археолошките истржувања на скопското Кале ќе почнат во март идната година, ќе ги води професорот Драги Митревски и најверојатно ќе бидат вклучени археолози од Косово.
|