Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Кичевскиот убиец се самоуби

Маја Блажевска Коментари (14)   
23.06.2008 16:58
Владо Таневски
 

„Не ги сторив убиствата“. Ова го пишува во своето проштално писмо кичевскиот новинар Владо Таневски, обвинет за сериски убиства, кој ноќеска си го одзеде животот во притворското одделение на тетовскиот затвор.

„Напишал дека е горд на своето семејство, дека се гордее со семејството и дека не ги сторил убиствата за коишто беше осомничен“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Таневски самоубиството го извршил давејќи се во кофа со вода во тоалетот, додека силно била пуштена чешмата за да не се слушнат звуци во ќелијата, каде биле уште тројца притвореници, информираа правосудните органи.

„Вечерта, откако подолго време не излегол од тоалетот, реагирал еден од притворениците, го забележал неговото отсуство, влегол во тоалетот и го нашол, забележал Владо Таневски како се наоѓа со главата во кофа со вода“, рече Јордан Михајловски, Управа за извршување на санкции.

Нејасно е како Таневски успеал да се самоубие, кога неговата состојба будно се следела. Според затворските власти во Тетово, Таневски не покажувал суицидални знаци и нормално се однесувал.

„Обидот на службата за обезбедување, уште од првиот момент кога биле повикани од страна на другите притворени лица, и тоа докажува дека намерно не го оставивме сам во ќелија“, вели Нуриман Тефику, директор на затворот во Тетово.

„Токму заради ваквите случаи го оставивме со други три лица за тие да го запазат, нешто да гледаат, но човекот, по мое мислење, бил цврсто убеден во тоа да оди до самоубиство, значи чекал другите да спијат и да изврши самоубиство“, рече Тефику.

За експертите останува мистерија како е извршено самоубиството, бидејќи како што тврдат, невозможно е некој да си го одземе животот давејќи се во кофа со вода.

И полицијата истражува дали освен вода, во садот имало и некакво друго средство.

„Подигната е и кофата во којашто е извршено самоубиството за евентуално да се утврди да не имало во неа ставено и некаква друга течност со којашто осомничениот би се затрул“, додаде Котевски.

Обдукцијата на Институтот за судска медицина ќе покаже во какви околности настапила смртта кај Владо Таневски.

Самоубиството на новинарот, според полицијата, дополнително ќе ја отежне истрагата за неколкуте убиства на средовечни жени од Кичево.

Таневски пред два дена беше притворен за убиство на две жени, а се утврдува неговата вмешаност во уште две други убиства.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Кичевскиот убиец од денес во затвор во Тетово [22.06.2008]
• Се докажуваат уште две убиства на новинарот Таневски [22.06.2008]
• Таневски имал лоши односи со неговата мајка [21.06.2008]
• Кичевчани згрозени од серискиот убиец [21.06.2008]
• Откриен кичевскиот убиец [20.06.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]
• Прекината наставата во основното училиште во селото Дебреште [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Време
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  9. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk