Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Економија  

ССМ не ја отфрла можноста од штрајк

Коментари (6)   
05.08.2008 16:41
Пеце Груевски
 

Со измените на Законот за работни односи газдите можат да ги третираат работниците како модерни робови, велат во Сојузот на синдикати на Македонија.

Од таму одново реагираат на усвоените измени на законот, со кои, како што велат, се кратат работничките права и се создава апсолутна моќ на работодавачите наспроти апсолутната немоќ на работниците.

Новиот закон нема да донесе нови вработувања и подобра бизнис клима, тврдат од ССМ, од каде излегоа со сопствен предлог за зголемување на вработеноста.

„Не може да им веруваме на нивната фраза дека овие измени ќе ја подобреле бизнис климата во државата и ќе придонесат за поголема флексибилност при вработувањето, со што ќе се создаделе услови за нови вработувања“, изјави Пеце Груевски, портпарол на ССМ.

„Затоа, во овој контекст, ССМ има и конкретен предлог, ако им е до толку до нови вработувања, работната недела од 40 да се намали на 35 часа во неделата, со цел да се поттикнат нови вработувања. 35-часовната работна недела ќе овозможи, во оние дејности каде што е неопходно да се работи во сабота и недела, да се вработат нови лица“, додаде Пеце Груевски.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Првомајски протестен марш на ССМ [01.05.2008]
• ССМ ќе го одбележи денот на трудот со протестен марш [29.04.2008]
• Синдикалците и работодавачите денеска седнаа на иста маса [21.04.2008]
• 100 години Синдикат во Македонија [16.04.2008]
• Прилепските работници се заканија со штрајк [16.01.2008]

  Најнови вести од Економија 
• Нов септемвриски бран поскапувања [02.09.2010]
• Бирократскиот хаос ги брка инвеститорите [02.09.2010]
• Протест на работниците во Македонски железници - транспорт [01.09.2010]
• Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија? [01.09.2010]
• Синдикалната битка спуштена на најниско ниво [01.09.2010]
• Угостителските објекти со пократко работно време [01.09.2010]
• Во светот инвестиција, во Македонија само накит [31.08.2010]
• Работното време на угостителските објекти се скратува за еден час [31.08.2010]

  Коментари 
 
Реклама
Шпиц
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  5. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  9. Касарната Илинден од идната година преполовена
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk