Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Милениумскиот крст од денеска со лифт

Емилија Јовановска Коментари (1)   
08.09.2008 18:02
 
 

Денот на независноста во Скопје се одбележа со повеќе манифестации. Милениумскиот крст, симболот на градот, доби лифт со кој може да се види градот од највисоката точка.

Крстот го освети поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан. Прв до врвот на ова здание кое започна да се гради пред осум години, по повод во 2.000 години од христијанството, се возеше премиерот Груевски.

„Мене ми е задоволство што денеска имавме можност, да се отвори пуштањето на лифтот на крстот на Водно, едно од најсилните обележја во Република Македонија, туристички атракции, верски атракции“, изјави премиерот Груевски.

Не можевме да одбереме поубав ден за ваква манифестација, рече претседателот на Фондацијата „Милениумски крст“.

„Имавме активности околу ресторанот, на малите продавници коишто ќе бидат долу, така што очекуваме во понатамошно време лифтот самиот од себе, со кириите да си се одржува“, вели Благоја Дојчиновски, Фондација „Милениумски крст“.

Догодина ќе се градат конаци и црквата која ќе биде посветена на Крстовден.

„Ќе се направи црква на посебен дел, кој ќе биде независен од делот на крстот. Тоа ќе се планира во наредната година. Припремаме проект, па ќе почнеме со изградба“, изјави Прота Коста Станоевски.

Голем интерес предизвикаа и спортските манифестации кои ги организира Агенцијата за млади и спорт, а се одржаа по повод Независноста на Македонија. Кошаркарите први почна со натпревари.

Спортските натпревари, во кој учествуваа деца и младинци, продолжија на кејот на Вардар каде се трчаше крос, а завршија во Градскиот парк со фудбал.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Во Мелбурн подигнати 8 македонски знамиња [08.09.2008]
• Детското село доби донација од Владата [08.09.2008]
• Македонија го слави Денот на независноста [08.09.2008]
• Прием на Вељановски во чест на 8 септември [08.09.2008]
• Почесна артилериска стрелба во чест на 8 септември [07.09.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk