Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Антикорупциска: Џорџе Арсов проневерил 11 милиони денари

Предраг Петровиќ Коментари (17)   
17.09.2008 14:48
Мирјана Димовска
 

Џорџе Арсов проневерил 11 милиони денари, обвинува антикорупциската комисија. Бараат јавниот обвинител кривично да го гони градоначалникот на Кисела Вода. Тврдат дека Арсов со неколку соработници направил четири јавни набавки вредни пет милиони денари кои незаконски биле спроведени.

Во 19 случаи понудите биле доставени пред да се донесе одлука за јавна набавка. Вредноста со овој зафат била три милиони денари.

Во 18 случаи за вредност од три милиони денари биле вршени набавки на истородни добра повеќе пати во текот на иста година. Во девет случаи извршени се набавки на стоки и услуги во вкупен износ од три и пол милиони денари без спроведување на постапка за јавна набавка.

„Спротивно на член 12 од Законот за јавни набавки, во 19 случаи на набавки од мала вредност чија вкупна вредност изнесува два милиони и 933.000 денари, понудите се доставени пред да биде донесена одлуката за јавна набавка“, рече Мирјана Димовска, претседател на ДКСК.

„Во 18 случаи за вкупен износ од два милиони и 489.000 денари вршени се набавки на истородни добра повеќе пати во текот на иста година“, вели Димовска.

„Во 9 случаи набавени се стоки и услуги во вкупен износ од 356.000 денари без спроведување на постапка за јавна набавка“, додаде Димовска.

Според Димовска, јавните набавки на градоначалникот без наведени критериуми за избор на најповолен понудувач. Не бил составуван ниту извештај за разгледување, оценување и споредување на понудите ниту, пак била применета методологија за бодирање за избор на најповолен понудувач.

Во сите постапки за јавни набавки не биле поднесени изјави за непостоење на конфликт на интереси.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Кривична пријава за судија од Штип [11.09.2008]
• „Транспарентност-Македонија“ со извештај против корупцијата [09.09.2008]
• Измами со социјална помош од 120.000 евра [04.09.2008]
• 48 часовен притвор за Ѓулер Сулејмани [29.08.2008]
• Жестока дебата за измените на законот за корупција [11.01.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk