Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Бројoт на затруени расте - 73, од нив 16 деца

Менче Атанасова Точи Коментари (6)   
29.09.2008 19:03
Зачестени столици, пет-шест во 24 часа
 

73 затруени, од кои 16 деца, побарале лекарска помош на Инфективната клиника, од вчера напладне до денеска. 13 од нив во тешка здравствена состојба се хоспитализирани.

Ова е билансот од саботното масовно труење со слатки добиено од слаткарницата „Риниа“ во старата Скопска чаршија.

„Зачестени столици, од пет, шест во 24 часа, а имаме случаи кога има 20-30 столици, тоа се потешките форми на болеста. Се што е температура повеќе од четири-пет дена, се што е над 20-тина столици, појава на крв во столица - тоа значи дека и амбулантските случаи треба повторно да побараат помош бидејќи развојот на болеста сепак, си има еден свој тек“, рече д-р Благица Јоксимовиќ, Инфективна клиника.

Синоќа на Инфективна се случуваше вистинска драма. Цели семејства доаѓаа затруени со дијареја, температура, болки во стомакот, повраќање.

Санитарната инспекција утринава, поради отпор на сопственикот, со асистенција на полицијата ја затвори слаткарницата. Екипата на А1 со закани беше спречена да го снима објектот.

Но, неколку часа подоцна беше повторно отворена, лентата отстранета, а граѓаните на големо купуваа торти и колачи за утрешниот празник.

Цели семејства затруени
 

Инспекторите успеале да земат мостри за анализа од слатките, амбалажата, работните површини и вработените. Наложена е комплетна дезинфекција на објектот.

„Ќе биде затворен се додека не се отстранат сите недостатоци и не се утврдат причините за труењето“, вели Шемси Муса, директор на Санитарна инспекција.

Од Инфективната клиника се мобилизираат - очекуваат нови случаи во наредните денови.

Но, попладнево, слаткарницата „Риниа“ повторно беше затворена. Инспекторатот соопшти дека во повторна обиколка на слаткарницата, уште еднаш е ставена пломба на дуќанот.

Инаку, министерот за здравство Бујар Османи попладнево изјави дека за зачестените труења виновници се самите производители. Се правдаше дека колку и да има инспектори тие не можат да стасаат насекаде.

За само еден месец ова е втора епидемија на труења со слатки во Скопје. Наместо рамазанскиот пост да го поминат празнично, со своите семејства, многумина граѓани завршија токму на Инфективната клиника.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Масовно труење со храна - над 50 затруени [28.09.2008]
• Здравство бара уште инспектори за храна [12.09.2008]
• Еклерите се произведувале во подрум [11.09.2008]
• Над 115 затруени од еклерите во Шутка [10.09.2008]
• 87 луѓе затруени од еклери [09.09.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  8. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk