Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Македонија го призна Косово

Катерина Цаневска Арсовска Коментари (143)   
09.10.2008 23:04
Милошоски: Наскоро воспоставување на дипломатски односи
 

Владата на Република Македонија вечерва донесе одлука за признавање на Косово. Одлуката е донесена во координација со Владата на Црна Гора, која претходно соопшти дека го признава Косово како независна држава.

„Воспоставувањето на дипломатски односи очекуваме да се случи наскоро, потпишано во името на Владата на Република Макдонија и Владата на Република Косово“, изјави пред новинарите шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски.

„Ова прашање, рече тој, воопшто не е дилема и сметам дека ова е еден многу добар сигнал кој оди во вистинска насока“.

Прашан дали можеби одлуката не темпирана? Милошовски дециден: „Одлуката не беше поврзана со гласањето во ОН, иако начелно од српска страна на повеќе држави во светот меѓу кои и нашата беше укажано дека чувствително и значајно е времето односно периодот пред донесувањето на таа одлука со цел можностите таа одлука да помине да не се нарушат“.

Инаку во заедничката изјава на црногорската и македонската Влада се истакнува дека одлуката за признавање на Косово од страна на Македонија, како земја со кандидатски статус за членство во ЕУ, и Црна Гора, како земја-потенцијален кандидат за членство во ЕУ, е резултат на исцрпна политичка проценка и се заснова на заклучоците усвоени од страна на Советот за општи работи и за надворешни работи на ЕУ од 12 февруари 2007 и 18 февруари 2008, како и на Европскиот совет од 14 декември 2007.

Одлуката е донесена во координација со Црна Гора
 

Македонија и Црна Гора, се вели во изјавата, конзистентно го поддржуваа процесот на преговорите меѓу Белград и Приштина, а планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово го сметаа за добра основа за изнаоѓање решение, кое ќе придонесе за трајна стабилност и за нови европски и евроатлантски перспективи на регионот. Прокламирањето на независноста на Косово уследи по пропаѓањето на сите напори на меѓународната заедница, преговорите меѓу Белград и Приштина да резултираат со решение за статусот на Косово.

„Поаѓајќи од фактот што институциите на Косово се определија целосно да ги имплементираат принципите и одредбите предвидени во Планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово, двете земји ќе го поддржуваат градењето на демократските институции на Косово, во функција на создавање мултиетничко општество, во кое ќе бидат гарантирани правата на сите етнички заедници на културен, религиски и јазичен идентитет“, стои во изјавата.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Црна Гора го призна Косово [09.10.2008]
• Косово очекува признавање од Македонија [09.10.2008]
• Резолуција за признавање на независност на Косово [09.10.2008]
• Романија и Словачка ги признаа косовските пасоши [09.10.2008]
• Итна собраниска за признавање на Косово [08.10.2008]

  Најнови вести од Македонија 
• Момче се удави во водите на Охридското Езеро [31.07.2010]
• Рамковски: Албанците да престанат да бидат декор на политичката сцена [31.07.2010]
• Тепачка на скопскиот базен „Бисер“ [31.07.2010]
• Заврши натпреварувачкиот дел на фестивалот на Античка драма - Стоби [31.07.2010]
• Охридските бродови револтирани од пратениците [31.07.2010]
• Струмица без пречистителна станица [31.07.2010]
• Основан е Национален ургентен центар за траума [31.07.2010]
• „Ќе се фокусираме на работи кои од Брисел се оценети како слабост“ [31.07.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  3. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  4. Светските милијардери се населуваат во Црна Гора
  5. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  6. Прекршочни пријави за Карадоламис и Ампов
  7. Барак Обама не е повикан на венчавката на Челси Клинтон
  8. Чесите со пасош на одмор во Хрватска
  9. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  10. Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
  1. Колони туристи се враќаат од Грција
  2. Јавна преписка Протуѓер - Трпчевска
  3. Рамковски: Идниот премиер не треба да биде човек кој мисли дека е Александар Македонски
  4. За новинарите од Канал 5 се интересира меѓународната заедница
  5. Тепачка на скопскиот базен „Бисер“
  6. „Хедис маркетите“ ќе ги откупуваат земјоделските продукти на Илиевски
  7. Интерпелација на министерката Јанкулоска пред пратениците
  8. Грчката Армија ќе обезбедува бензин за пумпите
  9. Амбасадорот Треневски не бил добро разбран
  10. Имиграционото прашање во фокусот на вниманието во САД
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk