Doma Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Македонија  

Каде е малата Ангела?

Дарко Штаргоски Коментари (22)   
04.08.2009 14:40
 
 

И по 12 дена од исчезнувањето на Ангела од мариовско Дуње, се уште нема никаква трага, ни глас за неа.

Денеска во посета на семејството дојде министерот за труд и социјална политика кој им даде еднократна парична помош од 30 илјади денари, а општина Прилеп им помогна со 15 илјади денари. Но парите ги примија роднините, бидејќи таткото на Ангела бил на работа, а мајката била повикана на информативен разговор во полиција.

„Причина за нашето гостување тука е да дадеме морална поддршка на семејството и да кажеме дека државата и владата се заедно со семејството во овие најтешки моменти за нив“, изјави Џелал Барјрами, министер за труд и социјална политика.

„Дојдовме да дадеме една морална поддршка за семејството и да дадеме една мала парична помош која верувам дека ќе им се најде на ова сиромашно семејство во овие тешки моменти за нив“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Од полицијата не сакаа конкретно да кажат дали има некоја нова трага што мајката повторно по 12 дена се вика во полиција. Велат тоа било нормален дел од истрагата. Денес исто така се исцрпуваше водата од бунарот кој се наоѓа веднаш до куќата на Ангела. И за тоа полицијата немаше некој конкретен одговор зошто бунарот кој се наоѓа најблиску до куќата се испитува дури денес. Според нив бунарите во селото се испитувале последни за да жителите имаат вода. До сега биле испитани 10-тина бунари.

„Тоа зошто денес го испитуваме бунарот е работа на полицијата, истрагата најверојатно има покажано некакви траги, ние се вклучуваме по барање на полициската станица“, рече Станко Колески, командир на противпожарна бригада Прилеп.

Инаку до сега се испрашани сите жители на дуње и околните села. Пребарани се сите куќи, но не се најде никаква трага. Дел од трагите кои постоеја за ангела завршуваа кај селската црква.

Верзија за печатење За печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот Порака до авторот Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Се уште не се знае каде е малата Ангела [02.08.2009]
• Трагата на малата Ангела се губи кај селската црква [28.07.2009]
• Потрагата по Ангела достигна меѓународно ниво [27.07.2009]
• Киднапирања или мистериозни исчезнувања? [25.07.2009]
• Ни трага ни глас од 6-годишната Анѓела од мариовско [25.07.2009]

  Најнови вести од Македонија 
• Ахмети и Реџепи заеднички ифтар [02.09.2010]
• Еден убиен и двајца повредени во скопската населба Аеродром [02.09.2010]
• Каква политичка есен ја чека Македонија? [02.09.2010]
• МРТВ - пропаганден сервис на владата на Груевски [02.09.2010]
• Кој членува во националната комисија за учебници? [02.09.2010]
• Вокабуларот на нашите политичари се побогат и посочен [02.09.2010]
• Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ? [02.09.2010]
• Вељановски задоволен од деблокирањето дијалогот [02.09.2010]

  Коментари 
 
Реклама
   Најчитани    Најгледани  
  1. Девојче од Велес се бори за живот по падот од четврти кат
  2. Зошто Груевски го одложи најавеното обраќање до нацијата ?
  3. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  4. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  5. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  6. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
  7. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  8. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  9. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  10. „Тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија е мит“
  1. Мистериозна смрт на новороденче во велешката болница
  2. Кривични пријави за учесниците во заложничката драма во Битола
  3. Државни функционери се луксузираат со пари од буџетот
  4. Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Discovery Channel
  5. МРТВ го величеше делото на контроверзниот Тодор Александров
  6. Здравство го испитува случајот со новороденчето од Велес
  7. Можат ли иселениците да и помогнат на Македонија?
  8. Касарната Илинден од идната година преполовена
  9. Протест на работниците во Македонски железници - транспорт
  10. Македонија нема да ја поддржи српската нацрт резолуција за Косово
   Други сервиси  
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk